клика ж.
клика несв.

клика (несв.)

Денот клика возбудено: памети ме, памети ме, ко пролетни води твое сум разливање, а ноќта: пополека сѐ да забораваме.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Во овој случај, површината е екран, т.е. оној поширок, „мета” простор каде што се случуваат промените на рамништата, каде што се вртат фасетите и се клика со глушецот. (мојот главен јунак, говедцето, им држи едно себеразоткривачко, исповедничко предавање - како некаква едновремено и потврда и пародија на Лакан - на суштества што се нарекуваат глувци!)
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не ќе ја разбудат сувите кликања на сонцето војската на април.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Бели птици кликаат - го навестуваат изгревот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)