клавир м.

клавир (м.)

Денес, добри мои, фалбаџиите се фалат со убав, скап автомобил, со скапи јадења со неразбирливи имиња, со лет преку океанот, со клавирот што им го купиле за роденден, со најнов тип на „сеико“ часовник, со супер скијачка опрема, со купувања во Солун, Трст, Париз, Лондон...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
На еден крај има и клавир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На клавир свири Перипелицина, а на виолина Елизабета Вајкер.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Перипелицина почна да ја бара на клавирот, а Елизабета Вајкер веќе наглавува со виолината, ги нагласува поубавите места од песната.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со некаква тага во гласот првпат кажа како имала голема желба да учи клавир, ама во нејзиното детство тоа било многу скапо.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
За да може да си претставите што тоа значи - фуга во шест гласа, доволно е да се каже дека сиот Добро наштиман клавир, што значи четириесет и осум прелудиуми и фуги, содржи само две фуги во пет гласа и ниту една во шест!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Нора секогаш свиреше клавир додека нè чекаше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
(Куќата на Херцог. Сара свири клавир. Доаѓа Стево. Ја слуша извесно време. Пауза.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
(Куќата на Херцог. Богато наместен салон. Сара свири клавир. Гостите со чаши в раце слушаат. Сара завршува. Аплаузи. Сара приоѓа кон Стево.) СТЕВО: Браво. Прекрасно.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Светот добиваше ерекција кога ќе го погалеа нејзините долги, клавирски прсти. И тој исто така.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Клавирот во дневната е поставен симетрично во однос на другите предмети, ни по лево, ни по десно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ема грицкаше ливче од рузмарин од гранчето во гарнирот од малата вазна на масата, а потоа отиде до клавирот и со нежен, повеќе ритуален допир на клавишите со прстите од левата рака отсвири неколку такта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Всушност, ѕвончето е звучен патоказ на главниот пат кон ѕвездите а за патарината се знае кој ја наплаќа, како што се знае кој има канџи и дека тие не му се за свирење клавир.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тивката музика од музичарот на клавир совршено се вклопуваше во амбиентот, а персоналот кој ни се претстави кога започнавме со вечерата, сите беа доктори по кулинарство, со искуство стекнато во најреномирани светски ресторани.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Но, таа е полна со енергија и бесплатно држи часови по клавир кај свои пријатели, само колку да го одржува во живот својот музички талент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Свири клавир, учи латински, сака мачки и да се гушка на клупите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)