кисне несв.

кисне (несв.)

Митра замеси цел кутол брашно и заплеска од него четарипет погачи, како воденички камења, и ги остави во ноќвите да киснат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа ќе биде целата водена како да киснела на дожд!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Дедо ми ги кисне со вода и ги рони на дланка.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Вртејќи ги корењата кон езерото, врбите ја свртеле и сета своја снага кон него: и стеблото и гранките; се извиле над него, ги спуштиле крошните што поблиску до него, до неговиот шум и плисок што им дава живот; сѐ што чинеле, чинеле додека биле млади: ги спуштале гранките како самовилските коси во него, ги киснеле, ги препуштале на ветерот да ги вее, на сонцето да ги суши.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Киснете по меани, а не знаете да пиете.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- И да се прават бочви и качиња, велам јас, да се киснат и да им се стегаат обрачите...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И нема, велат, ние да киснеме во вода до колена, а ги со жената да се скокоткаш в постела.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Отсеав брашно, ги засукав ракавите, го замесив и го покрив со цедилката да кисне. Да нарасте, да стаса.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оние излезените во полето по работа, се сретнуваа на кладенците, на поилата за добитокот, каде што намерно одеа да киснат `рженица за јажици, на бунарите во бавчите, во колибите по бостаните и итро избегнувајќи да се определат за едната или за другата страна си докажуваа едни на други дека кога-тогаш меѓу скараните ќе дојде до отворено крвопролевање, а оние, што беа останати во селото, редовниците, старите и болните, за неа дознаа од децата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дедо ми ги кисне во вода и ги рони на дланка.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Толку мокар од мака што насетувам воспаление на сѐ живо во мене и киснам сѐ уште. Малку е да се рече епски.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Таа и не разбира ништо од шахот, досадно ѝ е кога тој дома по цели часови кисне над таблата, без да зборне со неа ни збор.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Марије млада невеста родена деведеста по грешка со дете заглави свадба мораше да направи Везден на мобилен киснеше на шопинзи често идеше со другарки кафе пиеше мажот и непран идеше
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)