киска ж.

киска (ж.)

Милата киска убава, мила! Кој ми те набра, доде? Кој ми те донесе? Зошчо си ми, доде, кај мене?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Иии шо е киска, невесто! Каде а најде волку убава? — и ја зеде да ја разгледува и милува, мирисајќи го секое цветче поодделно.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Он, тој, ах, тој песот еден, тој ми те скина млада и зелена, росна како киска! Милите цветчиња!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беа две огромни скоро валчесто исплетени рачишта на кои и на крајниот член на дебелите прсти стоеше по една киска влакна, а обете имаа по еден набабрен зрел грозд дамари на наддланката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јасно беа забележливи и двете киски на ушите, и сиот склоп на телото од ѕверот, за да може уште на прв поглед да биде наполно сигурен со кого си има работа, и воопшто да не помисли да се спротивставува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А и чупалето не е некое чурук! Не гледаш? Како киска е накистено, младо, па не и ни некое грдомасно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ги фаќа на покусо, на подолго, ги навиткува околу киските, и пак ги одвиткува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Може да ви е нарачана киската, вели Маса Кулумоска, дали клале леб на киската, како го скршиле лебот, вели, и дали фрлиле пушка?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе ми ја смачка киската.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги подава вака нагоре, ко киска цвеќе ми идат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)