квиз (м.)
Минувам цели денови гледајќи јапонски квизови и стари филмови.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Осум и триесет. Време за десетина разновидни убиства или за квиз? Или за ревија?“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Постојано некаде ита, се движи, мрда, брза, трча. Затоа и квизот сосем му легна.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Името на страста – КВИЗ! Како уредник на редакција за наградни игри при МТВ, Врапче си најде место како создадено за себе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Момент на вистината. Моронодебилен квиз за разголување на својата погана душа за пишливи пари на кој шансите да ги добиеш се 1%, а шансите да ти фаќа сеир целото маало се 99%.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тогаш се сетив кога ноншалантно, како на некој квиз си го заокружував Политичкиот смер на картонот од приватниот универзитет.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Александар ретко гледаше телевизија, но имаше впечаток дека на секоја телевизија има индиски серии купени на кванташки пазар во Бомбај и квизови од типот Погоди го зборот.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)