кваси несв.

кваси (несв.)

Само што бледосиното око ја кваси едната страна на лицето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ама јас го сетив уште на ручекот: сркаме маштеница, го квасиме лебот полесно да се џвака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Водата ни влегува низ алишта, ни ги кваси и коските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
До последниот ден не знаев дали ќе ми даде согласност и пари, како да се гледав веќе како работник во задругата Граничар и се разбира тој последен ден го преседов на таванот квасејќи си го лицето со солзи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Токму така: во тој миг, додека траеше доскокот, таа неочекувано ме прегрна околу вратот и одеднаш, дури, ни се допреа образите; веќе следниот миг таа ја сврте главата кон мене и погледите ни се судрија; се гледавме, нејзиното лице беше на една педа од моето; ѝ ги гледав носниците како ѝ се шират забрзано, како кај уморно коњче: и го чувствував здивот; таа гледаше во мене како да е понижена, како повторно да сака да каже: „Доби шанса, нели?“, како да е поразена, како од бес и самата да прави една безвредна блискост (тоа гушнување со рацете околу мојот врат), како да сака да каже дека блискоста ја дава таа, а не јас; дишеше забрзано, со јазикот ја квасеше долната, сува усна и одеднаш ми рече: „Слегов, можеш да ме пуштиш“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Квасам перници ладам жештини свирам музики дишам чадови.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Усните од врелина нека ги кваси ситна роса од густиот облак во очите...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)