квалитетен (прид.)
Југословенските претпријатија го покажаа својот традиционален интерес за велесаемот и на него учествуваа со многу квалитетна стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
„Сите мандолини се квалитетни“, рече продавачот, „мислам за почетници одговараат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Хомонимот chere (од идиомот bonne chere) претставува отмен израз за квалитетна и скапа храна.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Си купив рало квалитетни, жолти чорапи, евтини. Не знаев каде да се упатам.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Колку што земјата запаѓаше во поголема беда, бункерите стануваа поцврсто градени, со поголеми количини квалитетен бетон и челик...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Цигарите беа мошне квалитетни и добро наполнети, во необична свиленикава хартија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Тоа е точно. Со нашата терминологија велиме: сѐ уште не располагаме со адекватен мериторинг систем за следење на аерозагадувањето, па затоа сме свесни дека проверката на квалитетот на воздухот не е ниту ажурна, ниту квалитетна.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
„Да не заборавиме - на врвот се наоѓа и телевизиски репетитор со екипа техничари која деноноќно се грижи за квалитетен телевизиски прием.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Задоволен, го отвори некаде во првата половина и со дланката помина по хартијата. Рапавка, не некоја квалитетна хартија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Набрзина ја напишав телеграмата од средбата со Фарук Кадуми, повеќе како настан кој ќе ја потврдеше мојата дипломатска будност и брзо и квалитетно реагирање, со средба и информации од претставник на високо ниво во палестинското раководство, каков што беше министерот за надворешни работи и челникот на Фатах, Фарук Кадуми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Купија сукно, мошне квалитетно – и тоа не им беше тешко, зашто за тоа мислеле уште половина година пред тоа и ретко кога еднаш месечно да не излезат по дуќани и не ги испитаат цените; затоа, пак, Петрович рекол дека подбро сукно и не можело да се најде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
- Од оваа експедиција - продолжи Ивона - сакам да направам квалитетна репортажа, на задоволство на гледачите.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Иако бројот на испиените чашки не беше голем, квалитетното вино и танинот кој му ги триеше непцата ја завршија работата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)