кајсија (ж.)
Сливите, крушите, кајсиите, ѕенѕерите во даскаловата градина се променија во бело, јаболката и праските во црвено, а на сето тоа — лилјакот го покри целиот осој со своите антерии.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Децата се поуспокоија. Уплаканите лица им се поразведрија кога се видоа во дворот под сенките на големите круши, сливи и кајсии.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Јаболката, крушите, кајсиите и сливите по градовите како да се посипани со бел снег, само бадемите се преполни со розов цвет.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Кајсиите и сливите распупеа, а бадемот расцвета.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Сѐ што е убаво, есента го зема, - тихо си шепоти Билјана. - Трендафилите,овенаа, кајсијата е гола. Сега и црешната оголува. Да, сѐ е оголено.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Првата попатна станица ни беше Сегедин, каде што нашите сопатници нѐ поведоа на еден унгарски гурмански специјалитет - аласка чорба - и на капка „барацка“, ракија од кајсии.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во устата почувствува вкус на горчлива семка од кајсија.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Пливам по снегот, а нешто ми примирисува на диња, на кајсија, на варено овошје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Чудно мирисаше - како внатре да беше помешан сок од кајсии, боровинки, капини, малини и манго. - Што е тоа манго? - праша Бреза.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
На масата поставено: чаша веќе истинато млеко, две парчиња леб намачкани со мармалад од кајсии.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
А таа, нестрплива, место да влезе, притрчува до џамот, лицето ѝ спотнато и озарено како зрела кајсија, и вели: „Беше“!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
До станицата под багремје се туткаа две-три жени со кошници полни кајсии за продавање.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кубанските пиперки имаат чуден укус и дебела љушпа, ПеВеЦе патлиџаните можат да седат на собна температура со месеци, џбунестите марули се убави само на изглед, овчото сирење е кравјо, јајцата се мали и бљунтави, кајсиите мирисаат на шаргарепи...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Нејзините силни раце ја претвориле некогашната нива за компири во ова волшебно заградено земјиште, со цветни и зеленчукови градини, со дрвја преполни со цреши, круши, јаболка, кајсии и праски, лозници, кои не само што правеа сенка во лето, туку и ја полнеа трпезата со деликатесното овошје и бочвите во визбата ги полнеа со својот ферментиран сок.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ханка насети движење во дворот, набрзина стана, се приближи до прозорецот и се насмевна кога виде дека стариот пес, што заеднички го хранеа со комшијата Боро Симески, уморен се прибира во дворот и се свиткува крај коренот на кајсијата за да ја мине ноќта.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дворот од неколку квадратни метра, со разгрането стебло на кајсија во средината, крај кого наместо маса беше легната макара од кабел со неколку јасикови трупци наоколу прилагодени за седење, Ханка го делеше со осумдесетгодишниот пензионер од „Металски” Боро Симески кој по смртта на својата сопруга го продал станот во Тавталиџе, им ги поделил парите на двата сина, и се сместил во приземната барака со една соба и кујна, веднаш до нејзината.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ме привлече миризбата на топлите кроасани кои беа поставени на масата, а во еден стаклен сад џем од кајсии.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)