качува несв.

качува (несв.)

И кога се качивме на камениот мост, кај Газаната, гледам веќе некој се качуваат на другиот каменен мост и му велам на Анѓелета: Стигнавме, тие кај Плачиврби додека се наплачат и разделат ние сме кај нив.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ќе скокнам... Подобро чесна в земја отколку нечесна над земја. (Се качува на миндерот и ја става ногата на прозорецот да скокне.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Тппрру, стој Сивчо ... – ја запра старецот колата и ги повика со рака: – Качувајте се бргу!
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
- Се плашат да не им влезе мачка. Улави се. А глувците на глава им се качуваат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Има итри и умни пилиња. Ластовичките, кога бегаат наесен преку море, не можејќи да ја прелетаат водата, се качуваат на кораби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Безволно се качував по дрвените скали, жолти и разјадени од жива сода.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Зетовите јавнале на најубави коњи и само се крстат со старисватот и деверите, со сваќите што одат пеш до сваќата — да помогнат кога ќе се качува невестата и да ѝ се најдат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Слезе надолу до Ѓуешево. Ќустендил и таман се запалија магацините во Радомир и се отвори сражението по Владаја, Крле со дружината се качуваше по југозападните огранки на Витоша за да дојде по друг пат до Софија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шестото навистина го испи малку побавно, но никој тоа не го забележа, на седмото виде само Трајанка и ѝ затупка срцето што ќе излезе победник, на осмото децата почнаа да му се смеат дека не може ни колку едно женско да биде јунак, на деветтото одвај го качуваше ридот а кога дојде до половината на десеттото, којзнае како стана, но се закашла и не го допи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога се качуваа по скалите, им викна на домашните да извадат видело и да го отпретаат огнот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе излезам и ќе ги престружам басамаците на старата куќа што се качуваат скоро од уличната врата до мојата соба.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во старо време, можеби дури и пред сто години, ако не и повеќе, кинисале двајца бегови, ќе ја качуваат планинава, арач ќе собираат од рајата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Се качи на ѕидовите од зградата во која преку денот качуваше тули и вар. Како маѓепсан сега долго шеташе по нив.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Фати го јажето и качувај се, само губиме време! - настојуваше Глигор.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Стишен и растреперен од гнев и слабост, со уште непритивнато негодување, но привидно скротен, се качува горе и дувалото започнува да работи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На сите страни, дури до небо, се издигнувале белите високи минариња на џамиите. На нив се качувале оџите и ги викале верниците на молитва.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Дозволуваше Трајче да му се качува, да игра со него, да трча по ливадите и беа како најарни другари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И секој ден донекаде стигнувавме: ја гледавме Америка, Азија, Африка, нилските коњи и крокодили, се качувавме далеку во северните краишта на Земјата и гледавме: бели мечки, ирваси, китови и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Другарите се пресреќни кога ќе ме видат со шубара: таа ти е, лебами, добра и од фудбал: се качува на прстите и фучи низ воздухот како надуена машина.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Повеќе