кафетерија (ж.)
Тие не „висат” по кафетерии туку во кибер-просторот, комуницирајќи, често анонимно, преку огласните табли на компјутерските системи.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Хероинските кури во Бенчимал Болницата. Кафетеријата во Интерзона, смрдливи, ништожни, јалови архетипови. И така натаму.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Ритмите од кафетериите се мешаат како мириси на медитерански пазар.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Неколку пати се обидов да го убедам да го смениме локалот, чисто за промена, ама бадијала: Лос Анџелес е огромен град на осамени луѓе, а во француската кафетерија Карло сите го познаваат - па зошто тогаш тој би се откажувал од таа удобна позиција на маалска икона?
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Баровите, дискотеките и кафетериите не ја намалија гласноста.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Двајца троми и предвреме остарени полицајци ме прашуваа зошто не излегувам по популарните слаткарници и кафетерии и дали сум можеби член на некои тајни здруженија.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Ми предложи да седнеме на кафе во блиската кафетерија.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)