кафеав прид.

кафеав (прид.)

Потоа тато ќе ја обои куќата: покривот со црвена боја, ѕидовите на куќата со жолта, прозорците со кафеава, тревата околу куќата со зелена, а небото со сина боја.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Местото каде што застанал да го слика селово морало да биде од чун оттурнат во езерото, токму на она место од каде што очите можат да го заграбат сето село, но не и премногу далеку за да се изгубат посебните карактеристики на куќите, посебните белези и бои со различни тонови и нијанси: жолта, сина, зелена, кафеава, црвена, лилава, розова, чивитлија, сива, црна, алова, портокалова.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Фрлаа луѓето на нив сѐ што ќе најдеа: врела вода, жива вар, пепел, сода; им ги чадеа патиштата со слама, со папрат, со лепешки, со козина, со ќуќур; едни пцовисуваа, а други пристигнуваа; ги имаше од сите погании: црни, жолти, кафеави, со големи глави, со големи нозе, со крилја, без крилја, со крст на грбот или без крст.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Виде дека тоа претставува бања; онаа бања која Илко си ја замислуваше да се изгради на брегот по згаснувањето на чадот: брегот беше изнавезан со зелена, жолта кафеава и лилава боја; бањата: ѕидовите, бели, а покривот црвен; по брегот разни дрвја, цвеќиња, клупи за седење, рекичка, мостиња; најдолу пишуваше: ”Јас, Илко Лечоски му оставам за спомен на селово урнек од бањата која ќе се гради на брегот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Коњите беа јадри, убави, со светло влакно, потшишана опашка и гривна и секој имаше посебна боја: сива, кафеава, црна - како и униформата на нивните сопственици што ги јаваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Леси се случува како и сите видливи појави: арапскиот ресторан на четвртиот кат во испразнетата зграда, голтките топол пијалак од шарената шолја извалканиот кафеански чаршаф, онаа жена во кафеаво палто и со долг бел шал врз него, која го припила до себе своето дете сред уличниот метеж, тркалезната купола на амамот, запрено во мигот пред тресок.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Откако главите ќе се исечат и исушат, формираат тврди, кафеави дискови или „копчиња“ кои се џвакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Беше беден трпезарискиот декор на приземјето. Ѕидовите речиси до таванот нашлакани во кафеаво. Гледаше на еден ќор-сокак.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
34. Меѓу моите познаници од рака до рака кружеше шише со кафеава боја.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа се оние големите, кафеави стаорци, што напаѓаат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ќелијата влезе Парсонс. Беше облечен во куси кафеави панталони и во спортска кошула.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чоколадата обично беше матно кафеава, лесно се ронеше и имаше вкус што, ако воопшто некако можеше да се опише, личеше на чад од запалено ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Душемето ги покажа чамовите штици со кафеавите шарки низ нив од чиј насмев чиниш и одајчето како да се подрашири.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Јован беше сув и жилав. Му ги гледав рамената подадени нанапред, кафеави наспрема белата маица, повеќе аглести отколку заоблени, мускулите над лактот издолжени со модрите жили.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рацете ги носеше раширено и поткренато околу згоениот стомак и често ја пофаќаше токата на кафеавиот ремен, помрднувајќи ја нагоре-надолу в место.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше човек на околу шеесет и пет години, облечен во ново, со син костум на себе и вратоврска со еднододруго аплицирани јаворови лисја во силни бои и паларија со боја која наклонуваше кон кафеаво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Можеби зашто се „навлеков“ на нив, слушајќи го татко ми, кој беше мајстор да ги оживее писателите и нивните книги токму со надоврзани детали: ...какви корици има „Лав Толстој“ на Шкловски во издание на „Минерва“ (три книги во тврда кафеава подврска во картонска кутија со ликот на Толстој)... од кога Виктор Борисович почнал да се стриже „брич“, а од кога Мајаковски... како на очите на сестрата на Љиља Брик, Елза Триоле, Арагон им посветил цела книга... како на комунизмот му служеле Арагон, Бретон и Пикасо и како поради тоа се скарале...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Од тоа време, во нашите спомени останаа руските и американските филмови кои ги гледавме во киното „Балкан“, а за Мајка остана значаен мигот кога за прв пат си ја облече кафеавата бунда, подарок од татко ѝ, дваесет години откако ја минавме границата...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тогаш Мајка реши да ја продаде долгата кафеава италијанска бунда, или пеличе, како што си ја викаше на италијански, а која ја доби како подарок од својот татко, пред свадбата, кого повеќе никогаш не го виде.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога, на крајот од месецот, Татко не ја донесе ветената и очекувана вреќа со брашно, Мајка му ја положи својата кафеава бунда на масата. Татко ја погледна зачудено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе