катче ср.

катче (ср.)

Врз едно невидливо катче од езерото, како непозната трпка врз телото, помина бледо, лесно разбранување.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
До куќата го испратија три страшни свирења од кои наоколу во секое катче на земјата оживееја сенки.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Заспиваше во зафрленото катче на паркот и сонуваше за сѐ она на што мислеше пред да заспие само со едно око, загледан со другото во разбранетото минато.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И пак се тргаше. „Со тебе - каде?“ „Сегде“, и не ја пушташе веќе раката. „Знам едно катче од каде можеме да го слушаме мекиот галоп на глувчињата.“ И пак се сети - не, јас нема да умрам од смрт како секој друг; ќе умрам од живот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
ЛУКОВ: (По него.) Не ја изврши ли наредбата, не ќе има катче што ќе може да те скрие.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На нејзината белина светот полетува во некоја своја сонувана залебденост, блескоти со својот раскош, како невеста во своите срми и во своите чипки, понесен од онаа тивка, полна мелодија на месечината, замечтаен во оние длабоки, сини катчиња на сенките.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би можел да плови низ неа со својот поглед, би можел да се вивнува во сите нејзини неизмерни, незамисливи глобочини и да открива секое нејзино катче по бескрајот, исполнет до пребликнување од сите оние црвеникави допири на топлината по лицето, а пак да си остане отпуштен и така сосема, сосема мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А Змејко го изнаоѓаше неговиот лик во секое катче, во секоја шега, сеќавајќи се просто како натопен во него, сигурно затоа што и целата таа зградичка беше натопена од здивот на оној старец Дука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Посетителот не може да најде ниедно катче каде, за момент, би се одморил од безбројните впечатоци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Моите париски домаќини, овдешни долгогодишни работници, кои веќе имаа деца што одат на училиште, или се веќе подготвени за тоа, велат дека би сакале нивните деца да го знаат нашиот јазик и нашата историја и дека во нивните домови бараат да имаат катче од убавините на родниот крај и да ја слушаат „Билјана платно белеше...“
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Претставата се трудев да ја догледам, зашто очекував нешто понеобично да се случи, но тоа не стана, освен што сѐ повеќе, со сите свои интими на најчувствителното човечко катче, се разголуваше преразголеното човечко тело и анимализмот на снагата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од тој ден животот во домот сосема ми се промени, ме напушти толку заканувачкиот страв што беше вселен во секое катче во домот, повторно можев да мислам на Сентерлевиот рид, на оној рид од каде што се раѓа сонцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Стравот повоторно се насели во секое катче. Еден друг страв.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Целото претпладне го поминаа во ливадата чувствувајќи како да се наоѓаат во некое осамено рајско катче недостапно за очите на луѓето.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Хористите, со и без маски, грабаат од кошарата и танцувајќи по ритамот на блузот, со уживање ги гризат јаболките. таа во кадата или чинот на капењето како ритуална вертикала мојата пријателка ужива во решавањето еротски криенки низ антиката гилгамеш и енгиду ахилеј и патрокло како топли браќа незаситноста на хачепсут само (за) доволноста на хиполит ноншалантно како дома си влегува во неизмерната живост на паганските олимпи го бакнува кастор во левиот полукс во десниот образ со сибила ги претресува најновите пикантерии мислев се работи за умешност научена од библиотеката од таткото универзитетски професор по математика дека едно попладне не видов како се капе како си игра со сапунот по кожата силно возбудувачки сепак наивно така црномурестата египетска божица си играла во нил со младунчето хипопотам миноската голограда девојка со острите рогови на бикот дијана со шумските извори сосема лесно можев да ја префрлам во персеполис атена картагена нинива меѓу бадемовото млеко гулабовите очи јасминовиот цвет сокот од лилјан босонога ќе стапне меѓу нив во насмевката нитрага од исклештениот грч на дојденката најскриените катчиња на висечките градини се отвораат пред неа мокра сфинга сред куќните змии ограбувачите на пирамиди светите писма лавиринтите сиот си се вжештил ми вели не е тоа секс одговарам тоа е мит и влегувам во кадата есента веќе ги пожолти градските улици или фотоапаратот како детектив
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Од засолнетото катче сеќавање повикува една нивна прошетка низ градскиот парк, со посеано лисје што шушкаше под чекорите и некои исплашени инсекти што несигурно трепереа во бледата светлина.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Колку лесно, малечкиот буквален простор се преобразуваше во бескрајно, а заштитено метафизичко катче.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Беше пребарано секое познато катче во скривалиштата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Знаеше дека грубото лице на стварноста демне од секое катче на животот, и се одрекна од светот бидејќи, рече тој, во него не може да се проникне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Старецот тргна по него и на една клупа, во пријатно катче, под зелените шушкави дрвја ги здогледа Михаил, кој седеше со прекрстени нозе, и со него уште двајца, очевидно, исто мртовци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Повеќе