касно прил.

касно (прил.)

Па задена борба на друм царски, на арслани коњи, коњи бинеџии; на коњите два јунака славна, Бој се бие касно до вечери, сл`нце зајде, црна глава падна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
ЕВДОКИЈА: Бадијала, Мане. Касно е. Не чувствувам ништо за тебе.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Не беше веќе потребно да се расправаме или да се милуваме за да ја повикаме удавената жена; каде и да одевме, таа се појавуваше по своја волја: во ресторантот „Роки италијанска говедина“, во „Линдо Мексико“, и во „Куќата на Донг“, нашиот омилен кинески ресторан во кој што сѐ уште често одевме затоа што во почетокот на годината, кога беше зима и ние тукушто бевме почнале да излегуваме, нѐ оставаа да седиме и разговараме до касно само со малечки шољи јасминов чај и раздробени „колачиња на судбината“.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„... За ова дело што го направив јас меѓувремено се каев, но веќе беше касно.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да се видиме и да си го кажеме тоа што ни е во срцето, да го кажеме додека не е касно!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Се разбира, од рано наутро до касно навечер, стоејќи на глава, си ги повторува правилата на вежбата: „Ем не ми се игра, ем дома не ми се седи“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ги носат така напрчени од рано наутро до касно навечер.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
После петлите, после будењето касно наутро, после горчливото кафе и диеталниот појадок - средина на ѓеврекот што има форма на тркало, се фрлив на работа- прелистување на дневната штампа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)