караница ж.

караница (ж.)

Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Можеби мислеше со прашањето: јас и не можам без караници со своите блиски.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Неговиот глас громовито ја цепеше тесната ќелија, зборовите заканливо јуреа, се заплеткуваа во некаква злобна караница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во ушите му удира и ѕвони крвта. Неосетно се упатува во некаква интересна, слободна и дрска караница.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но кога им се народиле синови, па од синовите внуци, почнала караницата меѓу семејствата, која од ден на ден станувала сѐ поголема.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ја слушнав и караницата меѓу вас во оние денови кога ја натеравте тоа да го чини; таа ти се спротивставуваше, плачеше, паѓаше во несвест, но твојот бес и закана ја тераше да попушти.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Куќата на Султана. Евто и Рајна се подготвуваат за легнување. Михајло седи над дебела книга. Чита на свеќа. Мачна тишина. Штотуку завршила караница.) ЕВТО: Гаси ја свеќата. Немаме пари за фрлање.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Но и од она што можеше да прилега на судир и караница слабееше, се губеше во подвреснувања и задоволно подвикнување додека лелеавото оро се извлекуваше од црковниот двор под нишки на штотуку почнат дождец.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Како и повеќето луѓе што не се брзи на караница и што не прифаќаат неразумни предизвикувања пред да проценат не ли ќе бидат поразени, како и сите луѓе што не ставаат глава под секира само за да знаат дали е болката на месото подолга од смртта, чекале засолнети под своето молчење да мине опакиот виор.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И песната, и луѓето, и нивната цел, сѐ, и несвршената караница, се оддалечувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Разбирање немаше, зашто одново заживеа злата крв што во нивната фамилија влечеше корен од порано: нивните дедовци (браќата Видан и Блашко) при делењето на куќата и дворното место, зафатија кавга околу орешката што беше на меѓата: и едниот тврдеше дека му припаѓа нему, и другиот; започна жолчна караница во која обајцата се избодија со ножеви и обајцата подлегнаа на раните; ги закопаа во гробиштата еден крај друг во семејната парцела - како браќа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За нас караницата меѓу Тито и Сталин имаше значење доколку имаше врска со нашите кози, посебно со нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да беше со други, а тоа не ретко му се случило при толкуте ослободувања тежести од душата, сигурно би имало незапирливи караници, судири.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И така секогаш, било пролет или лете, есен или зиме, по големата караница меѓу Тито и Сталин, ние секогаш мислевме и чувствувавме дека ги шетаме козите последен пат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Караницата на гласовите близнаци остана на ридот зад мене. Веќе не го слушав.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Караниците се несреќа за секое човечко суштество.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Веќе се навикнати на брборењето на брестот, сфаќаат дека тој нема ништо против нив, неговата караница е со ветрот (кој знае, може токму поради нив).
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Настана долга, мачна караница без крај, со викотници, цимолења, солзи, прекори и пазарења.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нема нервози, нема караници, нема кој да ми влегува без дозвола во собата, сѐ ќе ми биде на свое место, нема кој да ги зафркава моите другарки кои понекогаш мака мачат со шегите на брат ми, а понекоја од нив дури се срами да доаѓа кај мене дома зашто е тој „од големите”, а ние сме „од малите”...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Повеќе