капче (ср.)
Жива рана да му се отвори, И Здравко си ја носи раната, како капче овдека, горе.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Петок е, спроти сабота, надвор паѓа обилен снег, бело капче ми се прави на главата, ми ги товари рамениците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На соседната маса до мене седат тројца:а) возен кондуктер без две петлици на блузата, б) Човек под француско капче млад и мускулест, без определено занимање, во ломбак со црни раце од моторно масло, од нафта, од нешто што е белег на занаетот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ги дупнаа коњите, ѕвечат прапорците, се одмотува тајгата, ми светкаат дрвјата со снежни капчиња.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од камионот го ископа од торбата синото капче за бејзбол и го стави на глава.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Да го исчистиме долниот пункт: чизмите, горниот пункт - тилот ќе го одбележиме со капче; на рацете ќе ставиме блескави манжетни, а на плеќите еполети.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Околу нив жабите ја отпочнаа својата немилосрдна хорска изведба, постепена, им се чинеше - невоедначена како нив, иако заслепени, љубопитно свесни за тоа, малку повеќе отколку свиткувањето на малиот прст, допирот на пивските кригли, заедништвото на Мек Кол - усогласувајќи се себеси во ритам секција на виртуозно дуо за кратки воздишки, извици; тој пуфкајќи повремено од цигарата за време на изведбата, капчето за бејзбол потскокнувајќи безгрижно, таа привикувајќи го нестабилното чувство на заштитеност, никогаш до крај прекршен Пасив; сѐ додека најпосле, попуштајќи под налетите на глупавото крекање на жабите, легнаа не допирајќи се.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Покрај големото расчекорено железо стоеја двајца чичковци во сини панталони со прерамки и избледени сини капчиња врз главата.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Што се однесува до аутфитот, тоа се разни суштества со мали, средни и големи турбани, фесови у сите бои, ретко со некои кечиња, безбол капчиња, понекоја шајкача, наци баретки, хеклани капи Боб Марли, каубојски шешири, мексички капи големи ко сунцобрани, дамски шешири со воќна салата од страна...
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Работи кои губат на значење, со тек на време дали твоите планирале да се родиш; што си имал географија во петто; дали некој е малку постар или малку помлад од тебе; кај си го загубил црното зимско капче; од која страна на креветот спиеш; каде си бил на летовање 1976; породилните болки; кому си му ја позајмил „Бесмртност“ од Кундера откако повторно си ја купил; ланскиот снег; сè што си заборавил, затоа што сигурно имало зошто; прашањето што би било кога би било и, повторно, дали сево ова има некаква смисла?
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Ти, со капче на глава, на коешто пишуваше YALE и со апаратот во рацете трчаше од една страна на друга, мавташе со рацете, нѐ фотографираше, нас, Гаврил…, другите студенти.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)