капинка (ж.)
Ќе почнат да зреат сливите, јаболката. Веќе има капинки, малинки.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Едни таму виделе жена, која била млада, угул гола и која се покривала само со косата, црна како капинка, други, пак, велат дека таму имало еден ливод, кој личел на светец, со брадулче, но телото му било долго, голо, обрастено само со мов, со опашка, дебело и без нозе.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Врвицата по која движев ме доведе до рид, на кој, овде- онде, созреваа капинки.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)