камшик м.
камшикува несв.

камшик (м.)

Ко камшик од бога одненадеж Кузман се јави; намислил ужаси бојни . . . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Копнежот, големиот, несовладив копнеж, да ги излее во работата трепетите на своето срце, го имаше маѓепсано Велета: му пречеше до крај да го согледа животот, макар не еднаш да го имаше сетено тој на својот грб неговиот камшик...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Патрокле зборуваше брзо како некој да го шибаше со камшик, и од тоа го болеше јазикот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А кога дојде пролетта, кога јужниот ветер со топли камшици им ги скрши крилјата на северните ветришта, Синото јоргованче се разбуди.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
— Нѐ истепаа ноќеска Турците, господин војводо, — му се поплака момчето и му ги покажа сињилата по образите и вратот од Расимовиот камшик.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Потоа Арслан си направи пат со камшикот и влезе во средето на народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Аман бег, зошчо е ваа работа? — изусти Куле и ја крена раката над глава да се заштити од камшикот, кој Адем го насочи кон неговата глава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
10. АТОВИТЕ СЕ РИТААТ, МАГАРИЊАТА ТЕГЛАТ - а може и во лаките коњ до коњот да прета, а магарињата по брдата, од змиските легла, за тие коњски кошкања камшици да плетат...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Кучето го напушта коренот на оградата потерано од камшикот на студот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Цело време, ко камшик ја врти опашката и се тепа по ’рбетот. Се брани од муви. Или се брани од мене?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За разлика од претходната, полиците беа натрупани со шарени порнографски корици, меѓу кои висеа камшици, парчиња кожа, сексуални помагала.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Па после го шврка со камшикот по главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Паднав. Почнаа да ме тепаат со камшици од челична жица.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И ми се чинеше дека истото прашање го поставуваат за човекот што стоеше под бандерата сите оние од котлината на смртта од истурените шатори, оние што со наведнат поглед погледнуваа накај столбот, носејќи ги на врвот големите камења по патеката со расфрлени парчиња бодликава жица, тапкајќи по неа со боси стапала, и оние кои папсани ги трпеа ударите со кундаци и челични камшици.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Тркалата му го одземаат камшикот, го кршат.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ќе ви покажам јас! - го води камшикот, се фрла меѓу тркалата - На! Ѓубриња неблагодарни!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Врелината на коњската крв прегреана од вино го шибнала со камшик му ја вратила свеста.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Санкарот шврка по коњите и само камшикот и прапорците се одглас што се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Стражарот те удира со камшикот, велам, а детето ја испушта дојката и, од уста, му се истура млекото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Имавме и фудбалски клуб. Јас бев одличен центархалф... Ме викаа Боро Камшик...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повеќе