калуѓерка ж.

калуѓерка (ж.)

Калуѓерка таа е, Фотина, чиешто челик - срце во градите чука.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
На неа се згрчени три калуѓерки, три маслинки.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Зад судиската маса стојат калуѓерки, ако се навистина тоа, и во хор ги повторуваат зборовите на обвинението.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Докторе, доаѓаат ли уште во болницата долгобради набожни калуѓерки со библија в раце и гонореа под мантија?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Некаде во зорите Ене ја, рече помладата калуѓерка, Лежи потпрена на крстон во водана Како Богородица.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Прво застана момокот Потоа дотрчаа двете калуѓерки А кога удри камбаната и се покажаа ѕвездите Од ѕидовите на пештерите во манастирот Еден по еден се симнаа и светците Застанати на брегот на езерото и са ноќ чекаа Да се покаже во водите одразот на девојката Што мина тука денес на пладне Во бела облека и жолта лилја во косите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Изгледа оттаму ги протерале калуѓерите или калуѓерките и нѐ сместија во големи одаи со кревети на кат, по дваесет и повеќе деца.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Зад судската маса стојат калуѓерки, ако се навистина тоа, и во хор ги повторуваат зборовите на обвинението.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не се правам ни светица, ни калуѓерка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А на 16 години станав калуѓерка, на 18 милосрдна сестра.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И калуѓерката Смилја не го напушташе манастирот. Дојдоа нејзините родители да ја земат дома, но таа се затвори во одајата и не излегуваше надвор, не сакаше да се сретне, да се види.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Понекогаш ја сонува како му шепоти на увото тивко, нежно, мило, возбудливо, исто онака како што му зборуваше во Прага, а понекогаш гласот го здружуваше со здебелениот глас на Стела, но не му шепотат, ами му пеат тажни песни облечени во црно како калуѓерки; му пеат како на гроб, како да му дошле на погреб.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Воопшто немам намера како монасите или калуѓерките да му го жртвувам своето либидо на бога, може да е токму тоа она светото во нас што треба на вистински начин да го продуховиме...
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ги повторувала шепотно молитвите калуѓерката по десетина пати на ден и по триж толку пати на сведен.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Така, вели пашо.“ „И?“ „Не ми дадоа калуѓерките да ја видам. И таа не сакала. Не познавам ниеден Турчин, рекла, нека си оди!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во манастирот во Рајчица Мелинда и Џон разговараа со калуѓерките.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Некои фустани, како оние на калуѓерките, само навидум се безбојни, а под нив како да се збрани сите бои и сите движења од деновите на карневалите во Венеција.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ако се разбудев порано тоа утро во Венеција ѓоа на мостот на воздишките ќе ја сретнев калуѓерката од под чиј фустан Џакомо Казанова избега под друг фустан, оти за него бегството на слобода немаше никаква смисла без бревтање во зоната под фустаните.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се случува бегството во слободата под фустаните на калуѓерките понекогаш да е свечено доближување до смртта, та дури за секој нов почеток во Венеција се вели дека е одново доближување со смртта.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)