кален (прид.)
Јас ќе ти раскажам за нив, за нашите најарни херои кои подлегнаа сега сите под лутите рани: во борба непобедлив широкоградиот Јакуп којшто со подвижност лесна за папукот Карала беше го фатил ко кален на земја беше го треснал.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Тој човек, кој со леснина претрчуваше толку милиони километри, планини, реки, полиња, што како елен совладуваше големи трапишта со вода, кој на чудесен начин можеше да пролета низ кални, тешки патишта, низ трње, низ дождови, низ лапавици, со секавиците да се гони, беше жално, беше очајно да се гледа како се прпелка во малото, смрдливо сопче.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Проклет да бидам, тој беше далеку од тоа пусто, кално поле, далеку од црната колона несреќни, кротки како јагниња деца.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Денот е со многу повеќе светлина од другите досега, ама како да се вратени во она февруарско утро од пред четири години, само што се чини дека ова не е гаковската станица од калната рамна земја! гласно размислува Чана.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кога ќе се собере пченката, да го грабне плугот, да ја разрива црната кална земја.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Скоро незабележливо се тенчеше белата долама на Водно, а долу во градот одамна е веќе сивкаво кална разџваканост, па Пелагија и Чана успееја да стигнат до познатата зграда на Црвениот крст за да го осигурат враќањето на внучињата на бабата Петра и дедото Костадин.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кочо тргна прекупат в крчма. Тој одеше замислен и не забележа од кај му се испречи некаква кална фигура, во градски алишта, со искривен качкет. Човекот беше пијан.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
И ете очите светат, зборот е писклив и зарипнат, дури не изгаснат очите негде в мрак на враќање по кални патишта.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)