кадрица (ж.)
Врз челото имаше само три кадрици. Одеше право накај нас.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Навидум, имаа прво: широките стапала со кои самоуверено го грабаше потчинетиот простор, премногу здравата, волчја отпорност на блескавата насмевка, малите, цврсти гради што во четвртата деценија ѝ стоеја исправени како штотуку распупена девојка, таа мускулеста едрост на целото тело кое на нејзините платна со паганска надмоќ лебдееше над урнатините на згаснатите светилишта, пламените кадрици со по некое седаво влакно, што се извиваа околу лицето како змиолики фалуси – имаше невообичајан „машка“ сила за една пост-симболистичка сликарка.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ведро, зимско пладне... Студено е, камен пука, и на Надењка, што ме држи подрака, ѝ се нафатил сребрен скреж по кадриците на косата и по мовта над горната усна.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)