исцело прил.

исцело (прил.)

Се разбира дека ваквата постапка не може исцело да ги задоволи ниту потребите на „Стремеж“, ниту пак да ги објави бројните искушенија пред кои се наоѓа творецот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Без сестрано, исцело проучување на сите посебности на видливото, многу тешко е да се претпостави можноста за каква и да е негова естетска трансформација во невидливо.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Од онаа страна владеат парите; тие се основа на сообраќањето и денес исцело не ни недостасува некаква критика на марксизмот, туку една модерна теорија за парите која ќе биде на нивото на Маркс, и која ќе го надополни (попримерено би било да ја втемелат банкарите отколку економистите, иако Бернард Шмит на тоа поле прилично е напред).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Тоа ќе рече дека ниедна песна и никогаш исцело не е завршена и дека постојано има место во неа за понов и поинаков пристап.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Го сакаше не само зашто ѝ беше татко, туку зашто по ненадејната смрт на мајка ѝ пред четири години, исцело им се посвети нејзе и на двете помали машки деца.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Исцело бевме посветени на вербата дека ќе победиме иако секаде губевме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)