исцелителен (прид.)
Глеам дека и Саше Фактор Х поново се враќа на нашава пророчка сцена со неговите исклучително исцелителни способности кои не можам да му ги оспорам, али многу е скуп бе брате. 55 денара плус 18% ддв за минута не ми се даваат.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Инаку, секој исцелителен третман кошташе 5 евриња.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Имале долгогодишен имотно-правен спор за поделба на нива па решиле наместо на суд да тркнат до кај Матновидецот 2 на една исцелителна сеанса.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Педесет денови, дваесет и пет различни дестинации. Газеа по веќе газените стапалки на Чеплес и на Солунска Глава, ги ладеа нозете во студеното Големо Езеро на Пелистер, преспаа во планинското бачило на Шара и ја почувствуваа исцелителната моќ на Банско, се искапеа дури во три мориња.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)