исцеди св.

исцеди (св.)

6. Исцедете, ограбете пот и труд и меса голи, уста пуста затворете да не каже оти боли.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Предвечер ќе се спушти под Малиот мост на Сена и не ќе се чуди што од очите нема да исцеди ни една солза.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Ќе отпатувам“, исцеди од себе и се изнади. „Сакав само да оставам порака.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Земјо, тагата ни ја открадна. Стиснете ги тревките неа ќе ја исцедите.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Една сегашност: распаднати птици и кунатки, и увереноста дека може да исцеди низ своите прсти безбојност и портокаволост зашто и самиот стануваше смрзнатост пред смрзнатото прашање: „Каков Нојов ковчег спомнавте, пријателе?“ „Обичен“, откорна од своето грло. „Ремек дело на една малолетна архитектура.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Старецот бор беше исцеден до последна капка смола кога му ја поклопи дланката.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше несовладив. Можеше, дури и со болната рака, да исцеди од камен млеко.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Прокоп залудо бараше работа. Исцеден и жолтосан, од редната која немилосрдно го тресеше, тој се јави една вечер кај Аргировата тајфа. Но не да бара работа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Полека потемнуваше синото око горе. Се исцеди од него светлината и во неговата модрина се собраа треперливи ѕвезди.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште цели три дена небото стоеше налегнато над врвоците на највисоките дрвја и разденувањата едвај се исцедуваа да развиделат малку и во Белата Долина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Место сето тоа ти, застанат така пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот, пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, не можеше да смислиш ништо друго, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер на чекичот во твоите раце, дури не ти притекна онаа мудрост, која успеа да ја протепкавиш во неколкуте збора, што ги исцеди од својот гнев како мајчиното млеко:
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Исцеди од своето уморно тело уште трошка сила, замавна со крилцата и се понесе кон светлинката.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тешко му беше да се крева со олабавените, од болеста ослабените мускули, но додека сосем не капна, додека од мускулите не ја исцеди и последната капка сила, не попушти.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
На безброј места крај самиот пат, речиси пред секое село, се организираат минијатурни изложби на убави и големи јаболка, на грозје, на сето овошје и зеленчук што виреат во овој крај а, крај секоја од изложбите, девојки во живописна влашка носија точат шира штотуку исцедена од слаткото грозје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Да послезе водата подолу, да се исцеди во ендеците, да се оспособи за сеење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак викаше по луѓето за помош; во ушите ѝ се враќаше само шумењето на дождот. Кога се исцеди небото, дождот запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Вака, неисламизирани, може да ги држи во постојано напрегната ситуација, на исто рамниште со другата хирстијанска раја, и да ги исцедува колку нему му се сака.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Се свртев и се обидов да плукнам низ заби како што тоа го прави Абраш, ама плуканицата ми се исцеди низ брадата и јас набрзина, пред да ме забележи некој, ја избришав со рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Можеле само да ја исцедат од себе срцевината и да накотат во шупливоста ларви од кои тој самиот ќе се повторел во секакви облици и, со срце скриено од врани и душмани меѓу бозја, ќе го слушал златното брчење по ритчињата на татковската земја. „Таа е нема!“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Но и ти не спиеш, Куно, со мака исцедил од себе одбрана. - Се обидов, не можев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе