исушен (прид.)
И Крле стана и напиша писмо. Неда го прочита десетина пати, го измилува, го избакна, особено потписот и го кладе во малото ковчеже каде што стоеше исушена првата китка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Кучињата се вратија дури кога стадото го помина исушениот поток на кој како непроѕирна сенка умираше стара безгласна воденица.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Само две раце имам и едно исушено тело чекање: Илјаден да сум - мал да не сум за една капка тебе Македонија.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Прстите на дајреџијата биеа како мртви, исушени дрвциња по него и не можеа да истргнат ниту еден топол, страстен звук.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Јаким се отпушти на бетонскиот столб, омаломоштен и свенат, како исушено дрво, што ја изгубило и последната жилка, што го сврзувала со земјата...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Во своите мисли Арсо си го беше оформил неговиот лик: некакво исушено суштество, измршавено лице, обраснато со ретка брада, над неа се покажуваат јаболчните коски.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
А научив и по тоа што на тој ден дома беше вистинска збркотница: уште во рани зори стануваше мајка ми, нѐ будеше сестра ми, мене, дедо ми и почнуваше она што севезден го проколнував: ги тресевме постелите, ја менуваме сламата од сламарниците, се пентаревме на столови и со метла мавтавме по ќошињата кинејќи ја пајажината, роневме пченка и толчевме исушени пиперки, ги вадевме добичињата да се топлат на сонце во дворот, трчавме по кокошките за да ја фатиме онаа што носеше јајца во туѓа плевна и на која дедо ми уште одвечер ќе ѝ донесеше пресуда зборувајќи дека такви лиоти не би требало да се држат дома.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Најпосле сето измокрено и измрзнато се спушти на гранките од една одамна исушена бука.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Оваа патека сега треба да сврти лево, Да почне да се искачува, Да те доведе под едно исушено стебло, Испотен да седнеш крај него, Да се сетиш на својот некогашен дом што веќе го нема, И во воздухот, на светлината што бие откај црквата,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Квечерина излеговме на прошетка и разговорот нѐ одведе до оние исушени ритчиња некогаш како деца кога слушавме колку темно рика добитокон дури се враќа од пасење.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Исушени коњи се влечат како сенки на мртовци низ полето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Исушената крв е 'рѓа на животот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Се чуди зошто дреновата дршка е под 'рѓа туку исушена крв.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Бреговите тоа го гледаа, се поткреваа и шептеа нешто со тополите врз нив, па тој не забележа пред него како се покажа и друго место, по него пак друго, сѐ некогашно и сѐ познато и драго, и преплашен скокна од потајниот допир кога го полази тенка водена жила што се провре меѓу прстите на нозете а потоа му ги покри стопалата и низ тенко жуборење водата почна да се качува по него нагоре, да се тимари, да го гали; забележа свиткани како лежат исушените стракчиња билки на дното и како го тркалаат грагорот пред себе еден величенствен облик.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
- Не можеш да се омажиш за оној стар и исушен жабок. Не давам, разбираш, не давам.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Историја: опиумот е исушеното млеко од афион и во себе ги содржи морфеинот и кодеинот (од морфеинот понатаму се добива хероин).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Со болно нетрпение ги следеше пците кои како гладни, исушени свињи го риеја патот низ ноќта.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Носеше кожни фармерки со боја на исушена крв.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Времето од нешто повеќе од еден век, го направило своето - изменета површина на земјата, во еден период засадено лозје, потоа и лозјето напуштено и исушено. Околината, исто така.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)