истркала (св.)
А сега ќе го натерам да се истркала по креветот на младенците, машки деца да им се раѓаат! Ти спреми бакшиш за него!
„Духот на слободата“
од Војдан Чернодрински
(1909)
Секој ќе каже: се истркалало поклопчето, си го нашло грнчето.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Митра донесе венци, вино и поскура. Стојо го истркала бурилцето на сред земник; ги кладоа на него овие работи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Децата се истркалкаа настрана од софрата и позаспаа, а невестата Митра ја крена.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Одвај чекал навечер по вечера да се истркалаат во постелата и да го помоли: - Тате, ајде да ми кажуваш за чевлињата што ќе ми ги купиш за Велигден.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Истиот ден, околу два часот по полноќ, не можејќи од возбуда да склопи очи и да заспие, Панде го разбуди анџијата, кој ’ркаше како некој стар, со години неподмачкан чекрк, истркалан малу подалеку од него на сеното, под скалата, до вратата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
А кога она враже истркала и понатаму неколку ситни зрнца од под опашката.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа било ставена тука за да залаже, за да ја истошти фатената ѕверка, а понекогаш и да се истркала над неа и да ја смачка.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Еден ден кога кравата се телеше со мака и кога ветеринарот Скрез и Цанулица ги немаше долго да излезат од ќералот, Цанул се довлечка до прозорчето од ќералот, и кога ги виде истркалани во сеното, му удри крвта в глава, ја грабна вилата и влета внатре кршејќи ја вратата и забодувајќи ја вилата во бутината од Скрез.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Но, глувчето Цивко се плашеше, на пример, од некое празно истркалано кутиче, од орев, - море и од самата лушпа од оревот...и постојано се слушаше неговото пискање - цив-цив.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
А јас нѐ истркалаа по лицето на ридот како скаменета солза прободена во срцето од бигорна мака од прокуда и клетва.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Се истркалува во смреките. Ги оптегнува копитата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Има и кавги, Ќе се истркала некој полжав пред туѓа мотика, и едниот ќе рече: мој е полжавот, а другиот: да беше твој, ќе беше пред тебе, ќе рече и ќе се фатат в гуша. Па ајде, брани откинувај.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го истркала меѓу аскерот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ранениците беа качени на магариња, сме залутале, се најдовме на едно ритче, пустите магариња се излизгаа од ритчето, зимно време, мраз, на глава на шија се истркалаа луѓето во едно долиште.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
— Не бојте се, им вели Никифор, некои камења се истркалаа. Чипаво биле застанати, вели, и кога згазнав се урнаа.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Истркалани канти со маслинки, истурено маслиново масло, смокви и портокали, слатко од лубеници.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сеќавам: спиевме на една падинка, стрмно место. Одвај да ја задржиш снагата, да не се истркалаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Главата му е толку обесена на претенкиот врат што чиниш сега ќе му се истркала пред нозе.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)