истанчен (прид.)
Јурнува надолу по скалите. Го удираат в тил пронизливи пискотници на истанчен женски глас.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тогаш Арсо го запираше дишењето и, подигнувајќи се на прсти, го следеше истанчениот, сличен на скимтење, глас на Алија.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Со истанчен слух се движеа во ритамот на музиката изведувана од дувачкиот оркестар, откај Плоштадот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Вратите на нивните бедни души, ќе се тресат од страв, губејќи ја битката на судири, од парадоксот на нивните бедни умови...истанчени морални вредности...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)