исправа ж.
исправи св.

исправа (ж.)

Кој ќе поминеше преку мостот, стражата ќе му побараше лични исправи.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Се исправам и дури си ги бришам капките од устата, од зад мене излегува Јоше Свирачот. Ја стиснал гајдата под мишка и ги одбира чекорите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми ги поземаат личните исправи во рацете, излижани од премногу миење, ми го споредуваат личниот опис.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кондуктерот и милиционерот ги прегледуваат возните карти и личните исправи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И треварите, уште пред да ги повика да му помогнат, се свртеле од огнот не исправајќи се премногу.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Оди ваму - го викна дедото наведнатиот човек во црната капа со нашиен жолт крст. - Дај исправите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Таа плачеше, ме бришеше со шамичето, а тој ме држеше за косата, и додека крвта од носот ми се слеваше во устата и грлото, ме одвлечка кон сликата на партискиот водач, ме исправи пред неа и рече: „Читај.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Цела ноќ ги исправав, ги составував, ги пеглав, ги лепев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како исклучок од ова, од 2007 година странец може да поднесе барање за издавање на работна дозвола до Агенцијата за вработување, само доколку поседува: •  дозвола за привремен престој врз основа на семејно обединување, •  дозвола за привремен престој на член на потесното семејство на државјанин на Република Македонија, •  дозвола за привремен престој поради хуманитарни причини, и 115 •  лична карта за признаен бегалец, лична карта за лице под хуманитарна заштита и идентификациона исправа согласно со Законот за азил и привремена заштита (чл. 10, ЗВРС).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Новините кои ги содржи новиот закон, vis-à-vis стариот, се следниве: 5 1) воведување драстични промени кај стварната и месната надлежност за постапувањето по барањето за извршување (порано беше „предлог за извршување“) кај т.н. reintegratio: по однос на извршна исправа, според која работодавецот е должен да го врати работникот на работа или, пак, одново да му ги довери работите односно работните задачи што тој ги вршел порано – наместо државен правосуден орган т.е. судот на чие подрачје се наоѓа седиштето на правното 1.  Сл. весник на РМ, 35/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, ЗИТ (1997) го овластува инспекторот, во постапката на инспекцискиот надзор, да бара лични исправи (лична карта, пасош и слично) од лицата затекнати на работа кај работодавецот, кои се должни бараните исправи да ги дадат на увид, а по потреба инспекторот е овластен и да побара асистенција од надлежен државен орган (чл. 11, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Второстепениот суд, со [своја] пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако: 1) врз основа на расправа, утврдил поинаква фактичка состојба од онаа што е утврдена во првостепената пресуда; 2) првостепениот суд погрешно ги оценил исправите или посредно изведените докази, а одлуката на првостепениот суд е заснована исклучително врз тие докази; 3) првостепениот суд, од фактите што ги утврдил, извел неправилен заклучок за постоењето на други факти, а врз тие факти е заснована пресудата и 4) смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Странката не може да го одбие поднесувањето на исправата ако таа самата во постапката се повикала на таа исправа за доказ на своите наводи, или ако се работи за исправа која според законот е должна да ја предаде или покаже, или ако исправата – со оглед на нејзината содржина – се смета заедничка за обете странки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со одговорот на тужбата, тужениот е должен да ги приложи и исправите на кои се повикува, ако тоа е можно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)