исползи (св.)
Им дозволува на змијоглавите лилјани на сонот да исползат од папокот, од очите, од сексот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Како што турската влада ги исползувала атентатите како повод за брутално пресметнување со сѐ што било побудно во редовите на нашиот народ, така и големите сили се послужиле со динамитните акции за да ја компромитираат Револуционерната организација и да го оправдаат пред својата јавност пасивното однесување кон жестокото задушување на македонското движење и востанието и наполното застанување на страната на крвавиот султан.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Некои ја виделе како јава на крилест змеј над блиската клисура, слетувала крај водите и се вовлекувала во пукнатините на стените од каде, по неколку дни, исползувала како темно сива змија, долга и уплавна.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сѐ додека во еден есенски ден, додека грмушките отаде оградата почнале да врзуваат плод тамам толку зрел колку да ти ја подотвори и така жедната уста, не само за дланка вода колку да преживееш туку и за стрвост по недозреано овошје, во луда желба што побргу да се досегнеш до смислата на живеачката, иако уште не си почнал да живееш - додека уште беше видно, Баге не се реши да се провне под жицата на оградата и како јазовец да исползи меѓу кулите на стражарниците до првата џбунка.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На џумкава внимателно ќе исползи зелениот гуштер и ќе остави сонцето да ги размножува по неговото меко тело чудесните дамки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)