испокрши (св.)
Директорот замина во Скопје по чаши: се испокршија гостите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но некни Бузо и неговите насила ни влегоа, испокршија сѐ и ни ги присвоија колибите...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
По мравките дојдоа ветрови; налетуваа, како луди коњаници му ја зашеметија главата на езерото, го збрлавија; потоа се нафрлија на селото, ги однесоа сламените покриви од плевните, ги кренаа послабите чатии и оџаци на куќите, ги орезија вратите, прозорците, ги испокршија дрвјата и спраштија некаде.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И за кусо време од метлата останува само коренот, само рачката. Целата е испокршена, подгризана. Сѐ е - оди иди низ куќата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ги испокршија вратите и прозорците, го разурнаа покривот и оградите, и сѐ што најдоа од живина испотепаа, и сѐ што дофатија од покуќнина испокришија и запалија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ем го плаќавме, ем сѐ наопаку направи, ем испокрши едно чудо материјал ем, после, кога падна, моравме да го миеме, в болница да го носиме и да го лечиме.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сепак, пределот наоколу е изменет – од мајчината лева страна е правилна редица тополи, како дел од педантно уредена алеја, од десната татковата страна, се расфрлани дрвја и грмушки меѓу густата, висока трева, а во неа, полегнати без ред, испокршени фигури, обезглавени актови без екстремитети, како по битка на гладијатори.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Крамповите, лопатите, секирите и клештите, виљушките, ножевите и француските клучеви со коишто си помагаме во животот се испокршени, изгниени: Политиката е куца курва, којашто веќе никому не може да му го подигне, нацијата е мртва, парите се импотентни и веќе не можат да го одушеват модерниот човек.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Забавувајќи го возењето, немој случајно елените да ги испокршат нозете на леденото стакло, Дедо Мраз повремено довикнува: - Не е уште!
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Жално е, во центарот некои неранимајковци ноќе испокршиле млади брези засадени од Паркови и зеленило.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
И наеднаш еден друг глас небаре ко гром се растури над ливадата: - Станвајте!!! - падна зарипната команда, се испокрши од стеблата и се изгуби во шумата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)