испокраде (св.)
- Ни ги испокрадоа шишињата и другите предмети што ги имавме дома, а после ни се фалеа дека имале убави продавници.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
„Не ме сакаат во Аргентина.“ „Внуците ме испокрадоа а пријателите ме напуштија.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
На пленуми и конгреси по име и презиме ги именуваа виновниците и дури тогаш разбравме дека растурници нѐ растурија, луѓе без трошка татковина, без корен и без дамар, бескуќници и арамии нѐ испокрадоа, лажговци нѐ исполажаа, безумници нѐ избезумија, та нѐ иселија и раселија...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)