исплати (св.)
ТЕОДОС: Море, за дуќанот... Јас сум ѝ крив што мажот ѝ не го исплатил борчот.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Седи со здравје, татко. Пуцко да си! Пари ќе ти праќам секој месец: прво, да исплатиш секаде каде што борчиш; после да ја омажиш Кате.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Штом го исплатија кредитот за електричниот шпорет, зедоа друг - купија фрижидер.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
„Башмајсторе“ рече оној: „дојдов да ми го исплатиш акот, јас си најдов друга работа во градов“.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Овој сега е во состојба да ти рече сѐ, а јас го знам и како човек, што знае да биде и молчелив како земја,особено кога ќе појдиш кај него по белешка за исплаќање на твоите трудоденови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тој сметаше дека многу повеќе, се исплатува садењето компири, одгледувањето овошје, пред сѐ сливи, од кои во овој крај правеа надалеку позната ракија, што во секое време и секаде може да се продаде.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Во едно тој и син му беа согласни - чувањето на добиток иако можеби и тоа, според мислењето на младите, не се исплатуваше како некогаш, сепак го оправдуваше вложениот труд.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тој не ора, не копа, не жние, не врши. Него бегот не може да го псуе на вера и закон, не може да го продаде како другите чифчии, но сепак може да му удри некој и друг дипшик, да го измаскари и да го напади предвреме без да му ја исплати заслужената руга.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тие се секогаш отворени зиме и лете, а низ нив годишно минуваат и по милион гости - евтино, во природа, со добра кујна, а по желба може да се приготвува и јадење, но тоа во Белгија не се исплатува...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Сопствената кола не се исплатува да се вози низ Истанбул, зашто возењето секогаш претставува опасност и го обременува возачот со психичка напрегнатост.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ние, добри мои читатели, честопати потценуваме некои работи, ни се чини дека не ни се исплати да ги работиме. Дали е така?
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Тогаш ми се стори дека слободата е најголема во сонот и дека најмногу се исплатува да се бориш за сонот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тоа скапо ги чинеше. Најпрвин, по заповед на Портата, мораа да му исплатат обештетување на стопанот на пребеглиците, некојси солунски високодостојник, Турчин.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се знаеше, а тоа можеше и да се види, кога доаѓаа или си одеа, дека многумина од нивните млади мажи учат или попуваат некаде во Битола, во Солун или во Света Гора, дека кога требаше да му се исплатат давачките на дворот, сами тие му ги носеа, дури во Константинопол.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Никому, се разбира, не му се исплатуваше, во тие гладни години, да ги држи одделно, само за ќефот на малкуте кози.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Најдобра опција е последната. Првата опција едноставно не се исплатува, а за втората сметам дека воопшто не може да биде изведена.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Во доцните шеесетти, на елитата одговорна за „контрола на популацијата” стана јасно дека финансиски веќе не се исплати да ги ставаат луѓето во тнр. „дупки” и таму да ги класифицираат во фиоки.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Се исплатуваа само мали суми, додека добитниците на големите премии беа непостоечки личности.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тоа се исплатува, велеше; тоа е камуфлажа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)