испитувачки (прид.)
Доста ја погледна испитувачки и небаре на шега и се обрецна: — Шо му стори, мори џадио, на чупето преѓеска? — и зачека одговор.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
ЛУКОВ: (Изненаден и испитувачки.) Па... Вие, ако не се лажам, сношти рековте дека немате никој свој и близок во Софија?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Рече дека е мошне задоволен што има ваков мирен сосед - потоа испитувачки го гледаше со своите итро мижливи очи, очекувајќи што ќе му рече Арсо.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Глигор испитувачки ги шеташе своите големи смели очи по рапавината на Џемал-ага.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Баба ти Елена испитувачки ме гледаше, но не прашуваше ништо, погодувајќи по бледилото на моето лице дека нешто страшно се случува.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Едно изгубено, затвореничко лице, со чело како јазол што завршуваше во ќелаво теме, со свиткан нос и испакнати јаболчни коски, над кои очите беа трескави и испитувачки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој ја крена главата, како човек предизвикан, и некое време ме гледаше испитувачки, потоа ја зеде слушалката и нешто зборуваше.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
„А кому му зборуваш?” се изненади Стариот писател и го сврти кон мене својот испитувачки поглед.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Како да ми беше спомнато и името? - прашува таа додека ја затвора вратата и ме гледа испитувачки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Татко замолче. Самиот си забележа дека продолжува со испитувачки тон, невообичаен дотогаш во односите со Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ми го даде вујко ми, хирургот од Солун, кога бев кај него. – Зошто ти го дал ова грчко знаме вујко ти? – продолжи Татко со испитувачки тон. – Е тоа е долга приказна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Тоа е Скопје, јудејската колонија“, вели Астерид и одново ме гледа испитувачки преку очилата со тенка метална рамка. Гледам во снимките.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ме погледа в очи со лукава благост и ненаметливо испитувачки.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ме погледна испитувачки. Имаше во тој поглед и знаци на одобрување, но не рече ништо.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)