испари (св.)
Пушката на брестот уште чадеше на бинтарскиот занес на војниците испари.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тековите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што ѝ е нужно време на капка алдехид да се испари.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Или... Библиски саламандер, измисли. Едноставно испарил оставајќи ме па сега неговата душа лета околу мене и ме обвинува: ја уби мојата добрина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Покажи ја твојата вештина и испари се одовде.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Тенковите околу границата ја чекаа Неговата команда додека тие, со муницијата што ја имаа во складовите, не ќе издржеа ни толку колку што и е нужно време на капка алдехид да се испари, на тоа соединение чии биолошки молекули еднаш, по не знам колку илјади светлосни години, ќе попаѓаат од галаксиите врз нашава планета, од да се развијат нови суштества, сеедно какви и до колкава мера поинакви од нас, да се вклопат во ритамот на животот според Неговите формули - класно изедначување на расите и ...
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Моите очи останаа живи само за ток експонат во гробницата на ненужните стари мечови и наџаци, кубури, клопотарци, икони, лажни Буди и Шиви, црковни книги, евзонски носии, светогорски бројници, сребрени пехари и фајански ламби, кандила, беговски чибуци, во тој калеидоскоп во кој вчерашното време умрело под 'рѓата на механизмите на секаквите дрвени и порцеланени часовници и го нема зад правливоста на старите огледала тоа време од кое испариле и кросниците и творците на сета излитеност. Рубина - но дали Фаин?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Тогаш Пандил Димулев заплакал и рекол дека ќе ја покрие јамата со земја и со камења зашто човекот гори со денови: најпрвин кожата поцрнува, полека низ неа да испари крвта, потоа месото се јагленосува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А Патриша Меривејл, која го споредуваше Борхесовото дело со она на Набоков, завршува со следната дистинкција: “Додека Набоков обично ги пушта своите актери ‘да испарат’ и нѐ враќа во стварниот свет, Борхес ја доведува својата приказна докрај и постојано нѐ потсетува дека обајцата, и писателот и читателот, се ‘творба од која се направени соништата’.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
После упадот, додека сите работеа, јас испарив.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
По еден миг остана без сенка – облачето испари.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Испарив, збришав, исчезнав, се изгубив, одмаглив, на петите им дадов ветер!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тогаш младиот научник одеднаш во себе почна да изговара математички формули; нему во неговиот расколебан ум му се причини дека од нивната стабилна реалност Матвеј Николаевич ќе мине, би можело да се каже, ќе испари.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од волшебниот огин во цветовите очички на убавицата, испарија и посребрените веѓи.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Еден ден, помисли Винстон со ненадејно длабоко убедување, Сајм ќе биде испарен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„ Половината од водата испарила“, рече таа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Сајм ќе биде испарен, во тоа нема сомнение, помисли Винстон повторно.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Од тага се смали, поцрне, ко вода испари, прашина се стори. Петре од тој ден збор не проговори.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)