исмее (св.)
И тие што се од последните, не се да го чуваат и да го подигаат значењето на Бугарија, а да го намалуваат и да го исмејуваат, и себеси и својата држава.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Од каде ќе се најдат средства за нови учебници, кој ќе ги подготвува, од чии средства ќе се издржуваат училиштата со македонски јазик? – Очигледно, штом комитетите и македонската интелигенција во Бугарија ќе почнат да му се противат на новото течење, или, ако не му се противат, просто не го поддржуваат, јасно е оти од него нема да остане ништо: фантазиите на неколцина Македонци ќе бидат исмеани и повеќе ништо.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Секако би бил исмеан од народот што, наместо да ја отплатам крвта од татка ми, земам внука негова од сестра за жена“...
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Поминувајќи покрај него, Мече го погледна ѓаволесто и замавна како да ќе го удри со лакт во слабини, а кога тој уплашено се изви на страна, Мече се исмеа слатко и потрча по Белича, кој што беше изминал подалеку по патот за бригадниот логор.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
По ѓаволите! Денес самата фаталност решила да му се исмее жестоко и подмолно.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Тоа, неговото учителствување, и едно писмо кое беше го испратил до еден царигратски весник а во кое ги исмејуваше Грчиштата, грчките попишта, грчкото писмо и јазик, беше причина за неговото затворање.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Отец Иларион се засркна од виното и почна да напиња на образите, да црвенее. Рече налутено: - Вие, полковниче, ја исмејувате христијанската религија.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Бонети рече: - Не ја исмејувам, но знам дека христијанството се засновува на суровост кон себе, на страдање, на лишување од сите благодети земни, на лишување од сѐ што примаат сетилата, потиснување на радоста, на желбите, на волјата, бегање од стварноста, презир кон телото, живеење само заради душата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Навистина, јас си помислив, дека на ист начин можела да се исмее сталинистичката идеологија како што вие сте ги замислиле нивните егзекутори кои со толку голема ступидност се нафрлаат на козјиот свет.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
„Ти би не исмевал и би ни ја расипал инвазијата.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Самиот Гринавеј својата литературна предлошка толку ја модификува што тој на некој начин станува подобар или „подобар“, како што е случај со драмата THE DUCHESS OF MALFI (Војвотката од Малфи, 1614,) на Џон Вебстер која беше инспирација за ГОТВАЧОТ, КРАДЕЦОТ, НЕГОВАТА ЖЕНА И НЕЈЗИНИОТ ЉУБОВНИК, кадешто, како што тврди Шон Френч, „различните простории изгледа дека претставуваат различни етапи од историјата, едно архитектонско исмејување на човечкиот прогрес.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Наспроти нашата сомнителна мрзливост и хистеричниот активизам? (277) Сосема се согласувам со Салиери кога се буни против Господ кој на човештвото му ја подарил божествената музика на Моцарт, со единствена цел да нѐ исмее и да нѐ нурне во очајание.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Низ целата оваа фраза, отменоста и простотијата наизменично се сугерирани, потенцирајќи се меѓусебно низ спротивност, исмејувајќи се со сарказам и простотија, и таа двократна димензија се однесува на амбивалентната перспектива на спиралната оптика на филмот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Јадев тофу- сирење, ги исмејував лепрата и билхарзиасисот, како јас да сум имун, и водев љубов во кеса.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Секој ден, во секој момент, тие ќе бидат победувани, дискредитирани, исмејувани, плукани - а сепак секогаш ќе преживуваат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но чудно беше тоа што иако Голдштајн беше омразен и презиран од сите, иако секој ден и тоа по илјадапати на ден, на платформите, на телекранот, во весниците, во книгите, неговите теории беа побивани, уништувани, исмејувани, изложувани на погледот на јавноста како бедна бесмислица - наспроти сето тоа, неговото влијание изгледаше како никогаш да не се намалува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Така, во еден момент Винстоновата омраза воопшто не беше вперена кон Голдштајн туку напротив, кон Големиот Брат, кон Партијата и кон Полицијата на мислите; во таквите моменти неговото срце полетуваше кон осамениот, исмеан еретик на екранот, единствениот чувар на вистината и на разумот во светот на лагите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Кого исмејуваш ти, предавнику? Мене? Јас ли сум опинок и гајдаџија?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Прашаа дали некогаш сум држел пристапница од Партијата в рака, и дали сум ја исмејувал пристапницата, со тоа што секаде каде пишувало „народен дух“ сум напишал „Луција“. Реков дека е така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)