искрши св.

искрши (св.)

Е, да сум жена, да го колнам: да би не се разбудил! Да би нога искршил!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Чорбаџијата сакаше да ми ги исече мустаќите, сега ти сакаш да ми ги искршиш нозете.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: Ако те види, ќе ти ги искрши коските. Кога ќе ти викне: „А, дембел ниеден, арам ми го јадеш лебот“.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- И јас три дни не одам веќе. Ме тепаше класниот со прачка, и јас со кеман му го искршив прозорецот на куќата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Неотпорот понекогаш и мене ме зафаќаше, ме тркалаше по кривата нерамна калдрма кон широчината, чиниш ќе ме искрши од слепиот ѕид ишаран од раката на инспекторовиот син со зборови што не требаше да ги знае во своите години.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го пронајдоа попладне, близу до гробиштата, искршен и празен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
„Кандилата се занишаа и иконата од свети Илија почна да трепка со очите“, — тврдеше маѓерот Стојко Попов, кого нарочно Стале го поведе со себе во црквата да присуствува и да биде свидетел колку е „посветен“ дедот Стале, кога може да се кара со самиот свети Илија, та дури и кандилото пред неговата икона може да му го искрши.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Првин самите нејзини жители ги искршија златните врати и прозорци, а потоа почна уривањето и на златните ѕидови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сето зеленило од нив, сите гранчиња беа искршени, исечени, однесени. Каде?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ќе го искршиме првиот ќунк на парчиња и ќе ги раз'рваме другите по него и така ќе се промолкниме еден по друг. А ми рекоа дека надвор од двориштево ѓеризот е ѕидан со плочи, четвртаст и толку широк што не ќе има потреба да го прошируваме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А еве, пак така трчам, не знам дали ќе го познаам, години не сме се виделе, нозе ќе искршам по скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ми е страв. Ако разбере Јон мој, коските ќе ми ги искрши, в раце ќе му се прошетам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Луѓе, викам, ако го сретнете некаде господа, викам, убијајте го, не мислете му ја, искршете му ги нозете, изгазете го, викам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се биеја неколку деноноќија и исчезнаа. Оставија неколку искршени овошки, отскриени плевни, растурени сламени покриви.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во неделите и во празниците, кој кога ќе има време, да почнеме со кршење камен за општината и за училиштето, за црквата веќе имаме искршено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја отворам вратата, а озгора по скалите, слушам тропање: тупу, тупу, нозе ќе искрши некој по басамаците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Напарени се од андартите, фанариотите и не ги забораваат своите искршени заби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Геле Накотник мерејќи ги со недоверба четирите деца што зејгоресто беа свртени кон него, и рече на домаќинката дека ќе му искрши ребренце или две на никаквецот и, додека Јага го советуваше навистина тоа да го стори, си отиде со стиснати тупаници.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Слушаме и за искршени дрвја, паднати на пругата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе