искршен прид.
искрши св.

искршен (прид.)

Таму се фрлаат сите видови отпадоци; искинати опинци „опурчаци", непотребни кожинчиња, шутки од искршени грниња и бардаци — стомни и сѐ она што не е за брза употреба, но сѐ што би можело да се искористи во даден случај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не разбирам, говореше. Од секое мое движење, докторе, искршените ребра се обидуваа да се откачат од мене и пак ништо, пак не бев смешен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Никола ги прибира полите од дебелата волнена наметка, се спушта крај искршеното и издупчено широко канабе претрупано со разни книги. Гласно пребира по книгите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа се запре на искршената кола со слабо хранетите коњи, на кои ребрата им се броеја.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не размислувајќи многу, се качи на таванот, превртуваше штици, стари косила, вили, распаднати самари, лопати, искршени грнци. Ја бараше скриената пушка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако дојде до колење подобро нека го заколат четниците, отколку да се влечка улугав без нога, без рака, слеп без око или со искршени ребра од Расимчауш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Воденичарот" ги разгледа камењето, ама виде и луѓето каде влегоа и, веднаш по нив и тој помина горе по уличето, убаво запомнувајќи ја искршената порта од Алимасковци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беа без тапети, без декорација, без таписерии и молерај, а само изненадени со приклештени делови од искршени столови, од маси, од делови од кревети, просто расфрлани и заковани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Крај една расцепена бука лежи една маска со искршени нозе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се распердушени, со искршени крилја и клунови, со дупнати мевови, со прекасани вратови.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Крај чешмата биле поставени и клупи. Тие уште се тука но искршени, ишарани, изделкани, жални!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Се наведна и полека, чекор по чекор ги собира искршените класја во басјасаното стрниште.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Го измени малку својот вкус за да им се прилагоди на нејзините идеи и беше внимателен со крилјата дома; искршениот порцелан и лампите предизвикуваа тревожења што тој ги избегнуваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во излогот имаше чинии со завртки и навртки, изабени длета, ножиња со искршени сечила, излижани часовници кои дури не ни претендираа дека се исправни и друго безвредно ѓубре.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека учителот испитуваше на таблата една задача по делење, во училницата се разнесе ѕвон на искршено стакло. Тоа дојде така одненадеж.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во ќошињата на тремовите и во некои напуштени куќи, во одаите со искршени прозорци, веќе почнуваа да ги градат своите гнезда.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што мајстори испречекав и наранив додека да се прередат керамидите, додека да се исчистат ѕидовите од големата соба и наново да се малтерисаат, додека да се подреди со штици чардакот, да се направат нови пармаци, да се заменат искршените стакла на прозорците.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Лунѕав однадвор околу олтарот, каде што имаше еден гроб, очигледно многу стар, со остатоци од искршена плоча.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Повеќе