искрсне (св.)
50. И вистина, веднаш по Востанието, по студентските бранувања за српско-бугарско зближување за сметка на Македонија, беше потпишан таен „Сојузен договор помеѓу Кнежество Бугарија и Кралство Србија“ на 30.3.1903 год. со „Заклучен протокол“ од следниот ден, каде што рускиот император се признаваше како арбитар за сите спорни прашања што би искрснале во врска со придобивките од војната со Турција.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Третиот едвај да го задржи количето пред самата штица, како коњ кога се запира пред изненадно искрсната пропаст.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ова што требаше да се случи сега искрсна така изненадно што го растрепери.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Еден силен писок, што искрсна веднаш тука, крај него, затрепери по сета ноќ и долго остана исправен и остар.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се одлачуваа од ноќта сосема тешко, црни и бездомни како неа, искрснуваа заглувнати, чиниш некакви притулени далечни искрења во таа темница, за потоа да почнат да се приближуваат, сосема бавно, токму онака како што беше потребно, за да се заборави на сѐ друго, освен на тоа нивно наидување.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Две личности. Убиец - да речеме дека тоа е Џек Мевосек - искрснува зад девојката.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На сончевата тромеѓа искрснува
еден човек, лав и осуетен бог.
Вртеж. Вртолун. Вртимушка. Вода, бездна, стапало, сепак.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Секако, потоа ќе заѕвонеше телефонот или искрснеше некоја итна и неодложна работа, која редовно ме спречуваше во моите намери, но за нивна среќа, а можеби и моја, оти инаку не знам што сѐ можеше да се случи со мојата, веќе до влакно, истенчена толеранција...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)