искривен прид.
искривеност ж.

искривен (прид.)

Мачно газеше со искривените штикли по калливата дупчеста калдрма, се занесуваше натака и навака, се мачеше да не падне.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѕидовите беа претрупани со слики: измешани голи тела на жени со долги вратови и искривени глави.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
2. поплава Далечните нѐ уморуваат Доаѓа елементот Па меѓу многуте искривени и тесни брегови на прозорците водите брзи течат жолти итаат и ги прескакаат невидливите и сиви препони на дните Па штом ќе се сетат на своите гради зелени горди како млади жени ги минат оградите на замислените брегови
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Говореше со искривена уста покажувајќи го со радост секому својот златен заб и уште ако кон сетоа тоа ќе се додадеше дека неколку дни прет тоа совлада на ринг некаков бистроок и црн Романе, јасно можеше да биде дека не можеше а да не го гледа со потсмев тој што дојде.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И устата му остана отворена и искривена од скаменетата незавршена насмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Изгризената козирка од стариот, безбоен каскет, кој секогаш му стоеше искривен на главата и му го поклопуваше увото, ја дополнуваше неговата жалослива, дури по малку и смешна фигура.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И со лице искривено од нервен пристап Арсо се стрчува кон дупката, дерејќи се вон себе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Чадливата светлина откриваше јама полна со суштества чудни, развлечени, искривени и измешани во едно неодредено тело, со многу глави - еднооки, оптегнати и разиграни во транс.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Плачев и јас, но војниците искривено ме гледаа покажувајќи го зајадливо и јазикот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се вртиме околу него и гледаме: едното крило е здробено и расфрлено наоколу: опашот е преполовен и искривен како рог; предницата личи на железно буре без капак и изрешетено како решето; од внатрешната страна, над седиштето, кое сѐ уште мирисаше на запалени кожи и гума, светкаа неколку искршени тркалца од стакло и се гледаа стрелки на некакви часовници ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Достоинствениот стил на „Скантеа“, во една длабока перспективна глетка, го разбива - елисовидно искривената и хармонизирана линија на куполестата велесаемска палата, во чија далечна заднина, во фонот на оваа панорама, се издига нова населба, со згради и станбени блокови кои, по својата архитектура, претстаувааат нешто најсовремено.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дали од дождот или од тежината лицата им се искривени и побелени.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Рикал, викал, скокал, сиот обезличен, искривен во устата и потемнет како гламна.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Никогаш порано не бев го видел толку искривен и шашлив од грижи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не верувале во можноста да бидат проклето соочени со нов непријател, најподмолен од сите што ги познавал човечкиот род, но со искривени муцки џвакале лута белина и трепкале со засолзени очи - најпосле Онисифор Проказник е тој што треба да се слуша и тие нема зошто да се бунат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Трет нивни мртовец, рекол во себе давајќи му некое посебно значење на броењето небаре потоа полесно ќе можел да пресмета колку живи останале на целата човекова земја, но веќе сметката се менела: видел како паѓа уште еден од последен истрел во таа битка и видел како двајца од две страни со неприфатливо исти движења и исти искривени лица збрцуваат еден во друг презашилени алатки на смртта, едниот сличен на мртовецот пред неговите нозе, другиот неповторливо сив и влакнест, со обетка на увото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седевме во фотелји од чии фустанчиња ѕиркаа дебели и искривени лавји нозе, со книги секаде наоколу.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
По секое мерило (ако го отфрлиме неговото искривено, бизарно чувство за хумор), тој е американски уметник барем исто толку колку и Чаплин (Chaplin), и покрај фактот што е роден во Англија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Краците на кукастиот крст беа искривени во нејзините сребрени очила.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Повеќе