исконски (прид.)
Ја чувствуваше многу добро и во себе онаа исконска прибраност пред тој висок снег, што го покриваше сиот свет; беше притивнат како едно од сите оние дрвја околу неговата куќичка, продолжуваше да трае, живеејќи само со некоја срцевина, провлечена како црвена врвца по најскриената средина на своето тело и на своите денови.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Затоа, и покрај сета нивна ненаситна морничавост, Змејко секоја вечер наново ги исчекуваше токму нив, да ги чуе, да ја здружи со нивната исконска самотија и својата, бидејќи само со нив тој успеваше да заборави на себе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Стоеше на прозорецот. Пред неговата постојана, судбинска осаменост и оддалеченост стапалките на луѓето во снегот, дополу зарамнети од врнежот, беа сега како секои Други стапалки; она време што стоеше во тој наврнат снег над дирите го правеше и самиот некаков безимен исконски ловџија, кој сретнал на својот пат нечии стапалки, трагови од некого, што поминал неодамна по тој снег, со таа разлика што според некоја карактеристичност на трагата успеал да распознае кој бил тој, што поминал пред него тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Таа му шепти на исконски јазик а тој нејасно се присетува на животот во морето на својата мајка.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Тој плод на стравот, тој сложен облик на обеспокоената потсвест, тоа чудовиште во нивна близина, било 'ркулец на лудило што капнува од облаци или оживува во исконско мочуриште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А сега слушај, должник сум да ти раскажам: имам четириесет и една година и навистина сум стар, престар, за тебе дојден од исконски дни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Само еден, некој Јаков Иконописец што ќе останел да го надгледува довршувањето на водениците, движен од исконско пијанство во себе, можеби со заткарпатска медовина во крвта, без причини се обидувал да запее.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Навлегувањето во телесноста е морална потрага по исконското, невалканото.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ќе им раскажам за Шумшул- град и за таинствениот рудник на дијаманти, како и за страшното чудовиште Мортенија, за која некои мислеа дека ќе е идна господарка на светот, од исконски времиња сит од секакви господари.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тој беше исконскиот предавник, најраниот осквернувач на чистотата на Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Исконските пориви, инаетот, сомничавоста, подлоста, интригите, се дел од средината која регресира на уште пониско ниво на психологијата на малата, селска заедница која како да ја мотивираат само поривите на борба за самоодржување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Селото реагира спонтано, го поттикнуваат инстинктите, иако неговите на прв поглед нелогични и со ништо неоправдани реакции, нивната сомничавост и недоверба, потенцијално ја откриваат правата вистина за поривите кои ги поттикнуваат цивилизираните луѓе како Симон: добрите намери, благородноста, залагањето за општото добро и за повисоки вредности, подлежат на сомневање дека зад нив се крие суета, претенциозност, ароганција, користољубие, значи, исто така најниските, исконски пориви скриени под наслагите на научени форми на однесување и образование.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И без да сакаш ти веќе влезе во едно грдо време во кое, загледан во оние исконски карпи на твојот роден крај, ти осознаваш дека и не е многу тешко да се стане камен; бигор и мрамор, дури.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тоа сѐ уште ја памети исконската светлина на создавањето.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Ќе ти влезе во свеста
ќе ти се пикне под кожа
ќе забега во зоната на интимата
и оп, еден ден ќе му појде од рака
да го состави она што ти си го скршила
да го препише она што ти си го избришала
да го ископа она што ти си го потиснала
длабоко во тебе, со луд ум на лавина
да го открие она што си го забранила
за јавна употреба;
ќе ги размрсува и повторно
ќе ги замрсува знаците-јазли
на твојот личен и на
македонскиот синдром
ќе си поигрува со преобразбите
од дамнини до иднини
од лично до колективно
ќе ги претвора софистицираните искази
и поетските евокации
во егзистенцијални слики
за да ја долови речито сочноста
на твоите исконски мори
на твоите детски занеси
на твоите судбински
застранувања;
можеби ќе те надмине
со помош на вродената
смисла да глуми
да ја игра улогата на другиот
да се губи во другиот
небаре голтнат од ништото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
О, собери го семето расеано по светот
на сите четири, шест исконски страни
макар подлажи го дека има
каде да се врати!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Твоето ситно тело не е тело: низ него не пробива светлината, зошто ти ја имаш во себе однатре, исконска, стара, блескава во душата.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се осмелувам да кажам дека е во прашање исконски, небаре библиски модел на среќно семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Исконска потреба на човекот е одвреме-навреме нешто да смени во својот живот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
1. Кога те сретнав беше минато
крстоносна селидба, смртоносна веридба
сега спомен долг таинствено ме коле
љубовта со тага ме дои, нелулани мои
во мене некој исконски бол е,
сама сум како заборавено време.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)