искокне (св.)
А, си паднал в мрежа, па сега скокај колку сакаш, не ќе искокнеш.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
И не чекајќи ни да запре возот сосема, на знак на Белича, обајцата искокнаа на задната врата и преку шините што блескаа од утринската роса, се изгубија во темнината.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Беличот и не исчека да се запре, туку искокна и го притера со рака до крај.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Слушајте. Сите слушајте... Жилите на вратот му се напнати, очите како да ќе му искокнат. Но тој сѐ уште свири...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога се вратив дома, што ќе видам? Детето немало душа, викало – мамо, мамо и уплашено во темницата, го најдов како кученце да лае – ав, ав, и очите му беа искокнати и до сабајлето, синко, си умре.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Од камионот искокнуваат полицајци со пушки во рацете.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Камерата е во товарниот дел, снима зад церадата што се отвора и затвора како што полицајците сецкаво искокнуваат од камионот.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Чад излегуваше од безбројните оџаци на леарниците, пламени јазици искокнуваа од нивните отворени прозорци.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)