исклучително (прил.)
Подоцна почнал да пишува и минијатури и новелети, а последните години од својот живот им ги посветил речиси исклучително на драмите.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Денешниов ден беше нешто исклучително во нивниот живот...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На крај, вреди да се истакне и напорот на културната агенција „Метафорум“ која со приредувањето на ова исклучително издание (книгата ги содржи сите додатоци неопходни за една философска студија, предговорот е преведен на јазиците на 10 источноевропски земји, а содржи и прилози на германски и англиски јазик) се претставува како реномирана издавачка куќа која со својата едиција „хоризонти“ навестува издавање на нови теориски книги од наши автори.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Во него владеел чист, исклучително достоинствен морал и тој формулирал голем дел од десетте заповеди, и тоа во време кога народите кои ѝ припаѓаат на денешната цивилизација, сѐ уште им принесуваа човечки жртви на крволочните идоли.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дури и самото гниење во филмот ЗОО е стилизирано така да не изгледа дегутантно, а размената на материите во СТОМАКОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ е прикажана исклучително сугестивно (сцената со Креклајт и кучето, како и унисоната смрт и раѓањето на крајот од филмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Сенките се исклучително важни за Дишан, кој не само што ги користел како метафорички модел за да го изрази постоењето на четвртата димензија, туку и цел живот ја задржал фасцинацијата со сенките што ги фрлаат неговите редимејди.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Сакам да ги користам сите можни изразни средства што се во некоја врска со другите уметнички форми коишто постоеја во Европа - сликарството, на пример, кое исклучително ме интересира - за да можам да го остварам тој вид на идеален филм.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оваа реченица би можела да има исклучително нежен призвук. L’enfant значи дете, кажано милозливо, souffler значи нежно цицање, воздивнување или шепотење; cher, мила, е игра со зборови со CHAIR, месо; CHOU, мила, е нагален назив, како и FLEUR, цвет (на пример petite fleur); serrer значи прегрнува. CHAIR CHAUDE, “жешко месо”, се однесува на мајчините гради, па според тоа претставува површинско значење нешто како - детето цица затоа што не сака зеленчук. CHAIR CHAUDE дословно значи врело месо, а soffler уште значи и да се дува врз храната која е премногу жешка.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ова го прави исклучително тежок за интерпретација.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Во таа светлина, разликата меѓу грчкиот збор „пилот” и романскиот превод „governor” (управувач) станува исклучително важна семантичка манипулација.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Активностите како меѓународната трговија, високата технологија и појавата на нови компании покажуваат исклучително сложена динамика, тврди Артур, бидејќи во нив постојат механизми и на негативни и на позитивни повратни врски.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Сакав да одам таму во раните осумдесетти зашто за мене тој музеј е исклучително сликовит.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Исклучително брзото давање на визата сигурно не ќе беше најдобро за мене поради овдешните, кои тајум се сомневаа на мојата лојалност кон нив.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Носечката улога понекогаш на исклучително смелите слики, чиишто граници на полисемија далеку ја надминуваат нивната фунција во „нормалната” проза, исто така е лирски елемент, додека склоноста кон патетична реторика ја создава допирната точка со драмата.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Тоа беше исклучително тешко.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Некогаш мора да бил исклучително силен: сега неговото огромно тело висеше, се накривуваше, се надувуваше и се разлеваше во сите правци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Како што ви е познато нашето Езеро се напојува исклучително од изворски води.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Така воспалително, восхително и исклучително зборуваше Нуне Волта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Додека Кучешката и Чуварот на сонот имаат исто дадени алегорично- симболички значења, значења во расказите Глувче и Грев произлегуваат исклучително од самиот текст.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Леон Голдблум беше исклучително нежен со својата ќерка-единица и цел живот изобилно ја даваше својата родителска љубов.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)