инфантилен (прид.)
Ариеловото мокрење, на пр., почнува како интересен фројдовски коментар за инфантилните корени на желбата да се разгори бурата, но толку често се повторува што сугерира дека не е ништо повеќе од лична детска потреба на режисерот да го малтретира гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Да се измислува фабулата - е инфантилно!
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Една година пред смртта, ја нацрта „Покрај сината грмушка” (Beim Blauen Busch), со симплифицирана и растреперена палета, инфантилна стапчеста фигура со тотално неспретен потпис, а сето тоа наречено како повикување на цртачките обиди од детството.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Најсигурно од сѐ е да се сепарираат (split-ing) овие меѓусебно поврзани делови и да се потиснат, што посигурно, сите инфантилни нагони во случај да се премногу перверзни, да се изврши што порано разделувањето и потиснувањето итн, и да се негира постоењето на било која од тие операции, за на крај да се негира негацијата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Не сакаше да ме бакне; му реков да ме бакне; тој рече: „Не. Прво дај ја чашата“, рече каприциозно, инфантилно, како да е мое дете; почнав да се смеам, се смееше и тој, и јас се предадов.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И потем почна да ме моли; ме молеше како мало дете, целосно инфантилно; клечеше на колена пред мене, ми ги бакнуваше стапалата; рече дека бара само да му дозволам да ми го открие стомакот; дека ништо друго не бара и дека ме моли само на половина час „да му го позајмам стомакот“ (токму така рече, господин судија!); рече дека ми ветува дека воопшто нема да ме гибне со рацете; јас се смеев, оти предлогот беше луд; „Јан Лудвик“, му реков, „Ние сме возрасни. Какви ти се тие глупости?“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Во таков еден будоар и со тие мисли сега се буди Максимилијан Мертен исполнет од инфантилниот сон и од страста излеана минатата ноќ и забележува дека нема мамурлак, само потешко будење, што сѐ заедно го припишува на мерката со која го пиеше екстравагантниот алкохол што тука, инаку се точи без ограничување и пред сѐ на исцеденоста од љубовната игра што толку благотворно го замори.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
На крај нивните деца се враќаа во Скотје и стануваа шефови и директори, а студентите беа оставени на улица како инфантилни кадри да работат во пиљарници и бутици.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)