инспиративен прид.

инспиративен (прид.)

Едно е кога Ван Гог, Гоген, Хемингвеј или Модилјани мотивот го бараат во долгите патувања во далечните, незнајни и егзотични земји и мориња а сосема друго е кога инспиративната материја се бара во психеделичкиот фактор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
„13 „Alien abduction syndrome“ („синдром на киднапирање од вонземјани“) е појава „озаконета“ во психијатриската пракса во САД, и инспиративна е за многу рецентни SF филмови.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Еми го прочита својот пофален текст: договор на летувалците да организираат чистење на брегот и поставување табли со натписи, илустрирани со инспиративни симболи - сонцето, цвеќето, насмеани детски ликови...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Креативно инспиративен, освен за блажените метафори, тој умееше да поттикне и на наука.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Примерот на Кукулев е за одбележување затоа што подоцна тој делуваше инспиративно и за другите вработени во неговото претпријатие – кои го следеа неговиот храбар потег и, исто така, поднесоа тужби против Радиото!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше инспиративен водител на сите училишни приредби, а во гимназиските клупи главен организатор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Непрекинат растеж на инспиративна приказна со величествен крај...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)