инклузивен прид.

инклузивен (прид.)

Иако вистинскиот облик на „логика” на компјутерскиот хардвер всушност нема подлабоко значење (како што подолу ќе објасниме), таа е, во секој случај, обично карактеризирана со инклузивна наместо со ексклузивна дисјункција.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
За Кулик: „Вистинската демократија може да биде воспоставена врз политички инклузивната идеја на зооцентризмот (човекот како дел, а не мера за биосферата на нашата планета) - Зооцентризмот го интегрира човекот како супкултура во поголема целина на соединетата култура на ноосферата (изведено од noos: способност за мирисање, сетило за мирис)”.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Светот дефиниран само преку приватната сопственост неопходно исклучува какво било постоење на јавна сфера која би била инклузивна и широко репрезентативна на разноликоста на различните јавности.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Вистинската буржоаска сфера беше далеку од егалитаристичка, инклузивна и демократска.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Денбиевото наводно инклузивно „ние“ игнорира и исклучува“ голем број геј- мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Порнографијата во продукција на Фалкон стјудиос во 1970-тите го даваше визуелниот соодветник: промовираше модел на геј- секс како благотворна, опуштена машка размена помеѓу другари соиграчи што меѓусебно се почитуваат, а на пленетите гледачи им нудеше танталски проѕирки кон некакво геј- другарство што истовремено е и сексуално и братско, инклузивно и нежно, мажествено, но без осуди, на сечија радост лишено од улоги, хиерархија и сексуална различност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во својата заклучна реч, тој намерно одбива да ја огради работата, отфрлајќи говор со завиени квалификации и зборува великански, широкоопфатно, инклузивно и во универзализирачка смисла за „нашата дводуховност“ и за „нашите меѓупросторни природи“ (259).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)