иницијатор (м.)
96. Исто така и Сарафов и другите подоцнежни револуционери се јавија само како нивни продолжувачи и следбеници, но не иницијатори на револуционерната организација.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Еден е од иницијаторите за формирање на Друштвото на писателите на Македонија, а едно време бил и негов претседател.
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Еве како костурскиот делегат Васил Чакаларов, кој ни остави драгоцени податоци за работата на Конгресот, го опишал приемот на веста за атентатите и реагирањето на првиот човек на Битолската организација Даме Груев: „Од Битола пристигна писмо од Лука Џеров во кое пишуваше: ’Во Солун Отоманската банка е фрлена во воздух со динамит, низ градот се фрлени бомби... еден француски пароброд е потопен, пак од наши работници. Иницијаторот е фатен...’ тоа нè изненади.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Се гледа дека Борко бил иницијаторот за изградбата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Дури и стручњаците сакаа да разговараат со него, го сметаа за иницијатор, за интелигентен, за исклучително симпатичен, сѐ додека не ги отрезнеше шокот по неговата операција за олеснување на ќесето, зашто тој не пустошеше само кај роднините, туку своите подмолни замки ги поставуваше секаде каде што му се чинеше дека ќе има полза од тоа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Оле! за иницијаторите за приватните театри, ако успеат точката да ја претворат во почеток на новата ера во театарското битисување.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)