инаети (несв.)
- Мижи Асан да ти бајам, се инаетеше Паљо. - Ако го закопале, тој не можел да стане.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Мускулите веќе почнаа да го болат, челото му се ороси со пот, а тој со стиснати заби продолжуваше да се напнува, да се инаети, да се надминува себеси.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Што ѓавола те тераше да се инаетиш и да велиш: нема држава...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И така: едниот - платица, другиот - плужица, платица, плужица, шарена марена, татко си делка, а Давиде клечи пред него, се чуди и не знаеше дали не знае или само се инаети.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Јас се инаетам, ама сѐ било повела божја.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
- Тоа го пишуваше Флорин Богданоски, вели Николе Валавичарот, оти негова е ливадана. Сега не се инаетеше толку за гајдата, вели, дури и на Бугарите им посвире. 205
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Па тогаш не треба да се чудите, да се инаетите ако некоја желба и не ви е исполнета.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
од секаде ги бркаат домородците, а ако излезеш еднаш, враќање нема, си фрлил камен зад себе, оние што се инаетат ги клукаат со сол, а вода не им даваат, ги полнат со рицинус, со струја и со спици, со киселини и со куршуми, со гол газ на гол мраз им го бришат паметењето, да немаш родно место, да не спаѓаш никаде, склучува договори и со Бугарија и оттаму си ги зема Грците, а Македонците ги брка во Бугарија, секаде ги поттурнуваат, им ја истргуваат земјата од под нозете, на ненадејно ги фаќаат; жените велат: не ни чинат мажите затоа е вака, а никако не си и никако не е; секоја година нов ветер, нова вејавица,
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Особено оние ситни инаети кои подоцна прераснуваа во крупни.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Секавично помислив што треба да речам, за да го смилостивам. Да се инаетиш - не помага.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Ме збуни дрскоста, а морав да се здржам, морав да покажам дека не ми се тие рамни за да се инаетам со нив.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Татко му најпосле, колку со молење толку и со инаетење, го одведе в град и го запиша во едно средно училиште, каде што се изучувуваа нови градски занаети.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
„Нем“, се инаетеше Миклош, ама се ѕвереше без здив во високите, стрми карпи, намигнувајќи му ѓаволесто на гавазот што каскаше прибрано покрај нив.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Мислеше дека цимерката уште му е лута за неговата неуслужливост, па се инаети и скита некаде.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Јас и Крмакот сами од себе не верувавме во Бога. Дури и се инаетевме кој помалку верува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Те замолив да ги соблечеш алиштата со кои беше на лов и да облечеш чисти, но ти се инаетеше и рече дека нема тоа да го направиш, во тој момент кога јас сакам.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Така без причина се натегавме и каравме околу тоа. Двајцата бевме нервозни по природа и често знаевме да се инаетиме и пречкаме за глупости.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)