импресионизам м.

импресионизам (м.)

Разменувавме мислења за импресионизмот, кој тогаш беше револуционерно уметничко движење...“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го исполнуваат со суштествени факти за маркантната природа на двократните импресионизми, на модернизмот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Сотир Паскали, од еден голем хрватски есеист и франкофон, Матвеј Предраговиќ познат по својата интелектуална храброст во светот, особено кога се работеше за помош и поддршка на затворани писатели од автократските режими кои ја ограничуваа слободата на мислењето, дозна за случајот на хрватскиот сликар Јосип Рацич, кој сонувал да го стигне парискиот импресионизам и да им се придружи на париските импресионисти со својот незадржлив сликарски порив и дарба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Според светски познатиот хрватски писател Мирослав Крлежа, пријател на Матвеј Предраговиќ, Јосип Рацич станува жртва на својот идеализам да се надоврзе на импресионизмот, кога тој неповратно исчезнувал и кубизмот кој настапувал!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но овде во тоа време Гијом Аполинер, во еден текст по повод изложба на Пабло Пикасо го објавува почетокот на кубизмот и крајот на активниот импресионизам.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)