имам (м.)
Банки дигнаа палати, банки нови имами. Кондури друзи коваат с мотики гроб ни копаат - појдоса, златен, 'рѓоса нашиот чесен занает!
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Непотурчена и насила не сакаше да ја изведе пред имами, мувтии и оџи и да ја озакони, бидејќи и по исламските верски закони се бараше и се бара согласност од двата брачни другари што стапуваат во брачни односи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Ранети беа тројца Турци, меѓу кои и еден имам. Сите муслимани во градот се држеа сосем мирно, помирно отколку во Солун.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Најмногу има арапски зборови кои означуваат разни звања, професии и титули, како на пример: валија, везир, кадија, кајмакам, калфа, муфтиш, султан и други, или термини во врска со војската и воената опрема како: анџар, арач, аскер, забит, низам, талим или пак во врска со исламот: алах, аџија, вакаф, ездан, еџел, имам, еџел, ислам, куран, курбан, минаре, муфтија, муезин, оџа, рамазан, теќе, тулбе, џамија, џемаат шеријат.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ние бездруго нема да ја доживееме судбината на скржавиот имам? рече во шега Камилски откако мацна во чинијата со скршеното парченца од погачата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко продолжи, откако Камилски голтнуваше од имам бајалди: Но, да се вратиме на ова јадење имам бајалди, толку присутно во балканските кујни.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)