илјадит (прид.)
Други пак луѓе, сосема спротивни на првите: добро угоени, избричени или со убаво потстрижени бради, измиени, богато облечени; со широки чоени или кадифени потури, со свилени појаси, со срмени елеци и севозможни златни и сребрени накити, со пиштоли за појасите, гордо се шетаа низ пазариштето броејќи ги по стоти или илјадити пат килибаровите броеници со меките и чисти прсти.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Утредента, по хотелската ноќ под илјадитиот отпечаток од графиката: превртен чун под жална врба на езерски брег, спани- недоспани, бабуњосани и мамурлии, појдовме да го земеме Живка од дома.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Илјадит народ, човек до човек на голата земја таму крај морето, во засмрденото мочуриште.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)