илегалец (м.)
Брзам со овој илегалец (несомнено тоа е) и сакам да не го слушам тој плач.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Сите спиеме во едно собиче, што се вели, небаре илегалци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„Илегалци, во секој случај, најмалку половината од нив.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Утредента, мајка ѝ разбрала дека неколкумина илегалци од отпорот против окупаторите, што имале состанок во таа куќа, биле предадени.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Врската дојде, се препознаа преку договорената шифра, без притоа Баге повеќе да се загледува во човекот за врска, кој и така му беше и требаше да му остане непознат, бил тој маскиран илегалец или провален диверзант.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Баге само претпоставуваше дека тоа ќе биде илегалец, најверојатно маскиран или некако преправен, кого само тогаш ќе го сретне во животот и потоа никогаш повеќе нема да го препознае.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Две недели Рада илегално помина во студентскиот дом каде ваквото солидарно згрижување на илегалци беше редовна појава.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Долги години беше илегалец и добро ги познаваше тие јавни тајни.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)